28 Март, 2024
0.0266

ФЕРОИНВЕСТ: Фирмите на Кочо Анѓушев и Анѓушев лично не се сопственици на ФЕЦ Осломеј, тоа лесно може да се провери

Објавено во: Економија 21 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Правната служба на компанијата Фероинвест, во име на Централинвест/РЕС, до медиумите во земјава го испрати следново соопштение.

„Повеќе фирми во Р. Северна Македонија и странски инвеститори се изложени на лажно информирање од порталот ИРЛ. Делувањето на ИРЛ нема евидентна поддршка од професионалните редакции и оттаму како дел од стопанската заедница во земјата сакаме да дадеме информација до другите медиуми и преку нив до пошироката јавност, од причини што порталот ИРЛ го ускратува уставното право на демант и не ги објавува испратените деманти од кои се гледа дека нивните објави се лажни. ИРЛ никогаш не се обраќа до нас како втора или засегната страна за став или проверка на податоци, што јасно зборува за нивна тенденциозност и однапред испланирани негативни текстови, без оглед на фактите.

Фирмите во сопственост на Кочо Анѓушев и Кочо Анѓушев лично, не се сопственици на проектот Фотонапонска електроцентрала во Осломеј. Фирмата РЕС на Кочо Анѓушев се занимава со трговија со струја и нема никаков сопственички удел, ниту целосен ниту делумен, во ФЕЦ Осломеј. 

Во лажните текстови се прави обид да се прогласи вертикална сопственост преку хоризонтална кадровска поврзаност, што е досега невидено во корпорациското работење и зборува или за капацитетот за разбирање на темата или за намерно лажно информирање.

Ги охрабруваме сите медиуми да испратат прашања на наведената тема со цел да добијат точни податоци, бидејќи лесно се проверува кој е вистински сопственик и изведувач на соларната електрана во Осломеј избран на јавен оглас од државата, кој самиот реагираше до ИРЛ на нивниот обид да оспорат легална сопственост на странска компанија во државата“, се вели во објавата од Фероинвест.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат