Фетаи е сигурна во расветлувањето на „Монструм“?
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019
Oбвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство е сигурна за расветлување на случајот „Монструм“. Таа во вечерашното гостување на 1ТВ, изјави дека за овој случај чувствува одговорност и без расветлување на истиот нема да оди никаде.
Фетаи зборуваше и за разговорите власт – опозиција, за постигнување на договор за Законот за Јавното обвинителство. Таа е незадоволна од лицата кои ги водат овие преговори, затоа што како што рече, некои од нив се осомничени за кривични дела.