28 Март, 2024
0.0267

Фетаи: Kритериумите за избор на шеф и обвинители треба да бидат построги

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Текстот за предлог законот не е идеален, но е солиден, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи на јавната расправа за Закон за Јавно обвинителство.

Таа додаде дека подобро би било во вакви ситуации, обвинителот од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да постапува и во апелација. 

„Бидејќи сакаме силно обвинителство со финансиска независност, критериумите за избор на шеф и обвинители во обвинителството треба да бидат построги. Ние сме мала земја и може да има влијанија. Како би го тргнале теретот, а изборот да биде без дамки, предлагам во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во Република Северна Македонија, преку мониторинг почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор на кандидатите и тие да имаат право да дадат мислење за тие кандидати. Втoриот момент, јавноста да биде максимално вклучена, дали преку јавно објавување или на интервјуата да видиме какво претходно искуство имал кандидатот. Само на тој начин би биле способни да ја тргнеме прашината за изборот и би се приближиле до целта, обвинителите да влеат доверба во јавноста и само така обвинителот ќе продуцира правда“, изјави Фетаи.

Вели дека целта е да дојдеме до законско решение кое ќе му овозможи на обвинителството ефикасно да се бори со криминалот и корупција. 

Расправата продолжува утре.

Амбасадорите на ЕУ и САД повикаа да се усвои законот за јавно обвинителство. 

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на Твитер напиша дека се надеваат дека Законот за јавно обовинителство ќе биде усвоен пред распуштање на Собранието.

„Земјата треба да продолжи да ја покажува својата посветеност на реформи особено во клучни области“, пишува тој. Предложеното законско решение, како што вели Жбогар, е добра основа за да се донесе консензуална одлука.

За надминување на партиските интереси и усвојување на законот, повика и американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнс. Амбасадорката вели дека Македонија треба да работи посилно во борбата против корупцијата.

Академикот Владо Камбовски, на денешната комисиска расправа во Собранието истакна дека предлог-решението за ЈО е добро законско решение и дека овој закон мора да биде донесен, па дури и да се одложат изборите закажани на 12 април.

Тој учествуваше во изработката на предлог-законот за Јавно обвинителство. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“