18 Февруари, 2020
0.0252

„Фич“: Бугарија може да го усвои еврото на почетокот на јануари 2023 година

Објавено во: Балкан 24 Август, 2019

Според последниот извештај на агенцијата за рејтинг „Фич рејтингс“, Бугарија може да го усвои еврото на почетокот на јануари 2023 година, пренесуваат медиумите во соседството.

Бугарија официјално го започна процесот на пристапување кон механизмот ЕРМ II во јули 2018 година и чека одлука дали може да се приклучи на таканаречениот механизам ЕРМ II.  Хрватска го следи нејзиното барање и испрати писмо за пристапување до ЕРМ II на почетокот на јули.

„Фич“ смета дека најраното усвојување на еврото за Бугарија би можело да започне во јануари 2023 година, а за Хрватска во јануари 2024 година, под услов и двете држави успешно да ги исполнат критериумите на ЕРМ II, како и пошироките критериуми за конвергенција.

Романија исто така изрази интерес за пристапување во ЕРМ II, но засега нема официјален распоред. Изгледите за усвојување на еврото во Унгарија, Полска и Чешка остануваат оддалечени во блиска иднина, со мала политичка подготвеност и во некои случаи со многу мала јавна поддршка за членство во еврозоната, забележува агенцијата за рејтинг.

Можеби ќе ве интересира

Србија донираше два милиони евра за Албанија

Србија донираше два милиони евра за Албанија

ГО ДРЖЕЛА ЗА РАЦЕ ВО ВОЗДУХ 15 МИНУТИ - како турската скијачка го спаси младото момче

ГО ДРЖЕЛА ЗА РАЦЕ ВО ВОЗДУХ 15 МИНУТИ - како турската скијачка го спаси младото момче

(ФОТО) СЕ СЛАВИ ДЕНОТ НА ДРЖАВНОСТА: Вучиќ сам ги служи гостите, а меѓу нив е и Саша Богдановиќ

(ФОТО) СЕ СЛАВИ ДЕНОТ НА ДРЖАВНОСТА: Вучиќ сам ги служи гостите, а меѓу нив е и Саша Богдановиќ

ЗА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВОЈУВАЛЕ 1.200 БАЛКАНЦИ: Сега сакаат да се вратат дома?

ЗА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВОЈУВАЛЕ 1.200 БАЛКАНЦИ: Сега сакаат да се вратат дома?

ГРЦИТЕ МИНИМАЛНО ГИ УПОТРЕБУВААТ: Црногорците ќе воведат казни за пластични кеси

ГРЦИТЕ МИНИМАЛНО ГИ УПОТРЕБУВААТ: Црногорците ќе воведат казни за пластични кеси

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЦИЈА: Епицентарот близу Карпатос

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЦИЈА: Епицентарот близу Карпатос

ДОМОВИТЕ УШТЕ НЕ ИМ СЕ ИЗГРАДЕНИ: Повеќе од 10.000 Албанци се во шатори

ДОМОВИТЕ УШТЕ НЕ ИМ СЕ ИЗГРАДЕНИ: Повеќе од 10.000 Албанци се во шатори

МИЛОРАД ДОДИK: САД нема да не сопрат, ќе ја напуштиме БиХ

МИЛОРАД ДОДИK: САД нема да не сопрат, ќе ја напуштиме БиХ

СОФИЈА ЌЕ КАЗНУВА: Возилата кои загадуваат ќе бидат исклучувани од сообраќај

СОФИЈА ЌЕ КАЗНУВА: Возилата кои загадуваат ќе бидат исклучувани од сообраќај