16 Октомври, 2019
0.0161

„Фич“: Бугарија може да го усвои еврото на почетокот на јануари 2023 година

Објавено во: Балкан 24 Август, 2019

Според последниот извештај на агенцијата за рејтинг „Фич рејтингс“, Бугарија може да го усвои еврото на почетокот на јануари 2023 година, пренесуваат медиумите во соседството.

Бугарија официјално го започна процесот на пристапување кон механизмот ЕРМ II во јули 2018 година и чека одлука дали може да се приклучи на таканаречениот механизам ЕРМ II.  Хрватска го следи нејзиното барање и испрати писмо за пристапување до ЕРМ II на почетокот на јули.

„Фич“ смета дека најраното усвојување на еврото за Бугарија би можело да започне во јануари 2023 година, а за Хрватска во јануари 2024 година, под услов и двете држави успешно да ги исполнат критериумите на ЕРМ II, како и пошироките критериуми за конвергенција.

Романија исто така изрази интерес за пристапување во ЕРМ II, но засега нема официјален распоред. Изгледите за усвојување на еврото во Унгарија, Полска и Чешка остануваат оддалечени во блиска иднина, со мала политичка подготвеност и во некои случаи со многу мала јавна поддршка за членство во еврозоната, забележува агенцијата за рејтинг.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Макрон не се откажува од реформите, а Рама вели дека ново сонце ќе изгрее

(ВИДЕО) Макрон не се откажува од реформите, а Рама вели дека ново сонце ќе изгрее

НАЦИ-СКАНДАЛ БО БУГАРИЈА: Бојко Борисов побара итна оставка

НАЦИ-СКАНДАЛ БО БУГАРИЈА: Бојко Борисов побара итна оставка

Пицула кажа која земја од регионот следна ќе се приклучи на ЕУ

Пицула кажа која земја од регионот следна ќе се приклучи на ЕУ

ВУЧИЌ ЗАГРИЖЕН: Белград побарал Западот да не ги поддржува Албанците во нивните „болни цели“

ВУЧИЌ ЗАГРИЖЕН: Белград побарал Западот да не ги поддржува Албанците во нивните „болни цели“

Дендиас: Преспанскиот договор треба да се толкува

Дендиас: Преспанскиот договор треба да се толкува

ВОНРЕДНА СРЕДБА: Шокантна одлука на Православната грчка црква за украинската

ВОНРЕДНА СРЕДБА: Шокантна одлука на Православната грчка црква за украинската

(18+) МОРБИДНА ГЛЕТКА НА МЕСТОТО НА ЗЛОСТОРОТ: Момче обесено, девојка во локви крв во Србија

(18+) МОРБИДНА ГЛЕТКА НА МЕСТОТО НА ЗЛОСТОРОТ: Момче обесено, девојка во локви крв во Србија

Заев; Следниот состанок со Вучиќ и Рама на 10 ноември во Охрид

Заев; Следниот состанок со Вучиќ и Рама на 10 ноември во Охрид

Заев и Рама рано по сабајле кај Вучиќ

Заев и Рама рано по сабајле кај Вучиќ