28 Март, 2024
0.0328

Филип Рикер цела недела ќе се сретнува со грчки и македонски политичари

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Американскиот заменик-министер за европски и евроазиски прашања, Филип Т. Рикер, од синоќа ја започна посетата на Грција и Северна Македонија, која ќе трае до сабота, објави Стејт департментот. Дипломатот од кариера беше амбасадор во Скопје (2008-11), а од 1997 до 1999 беше советник за односи со јавност во Скопје, Македонија

"Помошник-секретарот за европски и евроазиски прашања Филип Т. Рикер ќе отпатува за Грција и Северна Македонија на 21 и до 27 јули ќе има средби со претставници на власта, граѓанското општество и бизнис лидери.

Во Атина, амбасадорот Рикер ќе се состане со министерот за надворешни работи, Никос Дендиас, и со други функционери од владата, за да разговараат за клучните прашања за билатералните односи, како што се трговската, инвестициската, безбедносната и одбранбената соработка, регионалната стабилност и енергијата. Тој, исто така, ќе учествува на тркалезна маса со претприемачи и бизнис лидери. Во Солун, амбасадорот Рикер ќе се сретне со локалните власти, верските и бизнис лидерите.

Во Скопје амбасадорот Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници на разговори околу билатералните прашања и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Дипломатот Рикер, исто така, ќе присуствува на настанот со учениците од Американското катче во Битола, покрај состаноците со пратениците, членовите на опозициската партија и претставниците на локалната власт", се вели во соопштението на Стејт департментот.


Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?