23 Април, 2024
0.0270

Филипче: Бројот на возила во Брза помош е удвоен

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2019

Добивај вести на Viber


“Итната помош е еден од сегментите кои најмногу ги зајакнавме во изминативе 2 години”, рече Министерот за здравство, Венко Филипче при гостувањето на дебатната емисија Детектор на ТВ Сител. Како што тој изнесе, во овој период примени се 84 доктори и околу четириесетина од нив распределени се токму во Итната медицинска помош соодветно на потребите, во Скопје и во другите градови. Покрај нововработените доктори, за Брзата помош набавени се и 12 нови возила, а уште 7 ќе следат. Со овие инвестиции, министерот рече дека значително се зголемуваат капацитетите на Итната помош.

“Со зголемување на кадарот и новиот возен парк значително е скратено времето на чекање, до 7 минути во Скопје, а 12 до 13 надвор од Скопје. Итната помош е брза и ефективна услуга за потребите на граѓаните така што наспроти ширењето лажни вести од страна на ВМРО ДПМНЕ дека Итната помош не била ефективна при интервенција, овие бројки и факти кажуваат дека Итната медицинска помош во македонското здравство ги зголемува капацитетите да излезе пресрет на секоја ситуација”, изјави министерот Венко Филипче во неговото гостување во ТВ емисијата Детектор на ТВ Сител. 

Докторите специјалисти во изминатите две години добија зголемување на платите до 40% што е најголемо досега. Овие зголемувања се одвиваа во три наврати, рече Филипче

“Со зголемување на платите континуирано инвестираме во човечки капитал. Вкупното зголемување на платите (основната плата и сумата за дежурства) од 2018 година заклучно со тоа што ќе следи во февруари 2020 година, за лекар специјалист е над 40%, исто толку е и за наставен кадар. За лекар специјалист само во февруари зголемувањето е 25%, за општите лекари 15%, а 10% за медицинските сестри. Кумулативно за Клиничкиот центар за минатата година зголемувањето е 23%.  Тоа е инвестицијата во човечкиот капитал од 2 милијарди денари за 2 години, во основната плата и за дежурствата. Со зголемувањето на основната плата во три наврати досега, и зголемувањето на дежурствата е направена инвестиција во примањата од најголем обем досега, што е првпат да се случи во јавното здравство”, потенцираше министерот.

Покрај за платите министерот зборуваше и за укинувањето на квотите.

“Пациентите заслужуваат да имаат лесен пристап до лекови, а укинувањето на квотите за лекови на рецепт овозможи полесен и сигурен пристап до лекови. Со контролата во издавањето на лековите, се постигна намалување на потрошувачката на лекови дури и до 30% во некои региони. Во фармацевтскиот сектор се направија големи реформи, а новите квоти за лекови е една од нив, граѓаните имаат лекови во кој било ден од месецот, сите лекови се со сертификат”, истакна Филипче.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...