Филипче даде детали колкав процент од вакцините имале проблеми со декларации
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2019
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека кај 1% на вакцини имало проблеми со декларации.
Вели дека вакви вакцини се најдени во Велес, Свети Николе и други градови.
„Агенцијата за лекови ги презема мерките кои се во нивна надлежност“, вели тој.
Филипче ги повика родителите да ги вакцинираат децата од морбили. Кажа дека досега имало 1.300 деца кои се вакцинирани.
„Да не дозволиме да има смртни случаи, па потоа да преземаме мерки“, изјави Филипче.
За санкциите рекоа дека има закони по кои ќе постапат.
Не кажаа дали ќе има парична казна, одземање на лиценца, и рекоа дека дополнително ќе ја известат јавноста.
Додаваат дека вакцините не се со поминат рок.