18 Април, 2024
0.1912

ФИЛИПЧЕ И РУСКИОТ АМБАСАДОР ГИ ПРЕЧЕКАА РУСКИТЕ ВАКЦИНИ - спутник В е нова надеж, се разговара и за другите количини

Објавено во: Македонија 07 Март, 2021

Добивај вести на Viber

На скопскиот аеродром пристигнаа првите 3.000 дози од руската вакцина Спутник В.

Вакцините ги презеде возилото на Здравствен дом, каде од среда ќе почне вакцинацијата.

Обезбедени се услови за нивно чување, односно фрижидери од минус 18 до минус 22 степени целзиусови.

Ова е прва пратка од вкупно набавените 200.000 дози вакцини од Спутник.

Вакцините беа пречекани од министерот Венко Филипче и рускиот амбасадор, н.е.Сергеј Баздникин.

„Ова е прва количина од три илјади дози со кои ќе обезбедиме континуитет на процесот на имунизација. Голема благодарност до амбасадорот за неговиот ангажман за вакцините во земјава да пристигнат што побргу. Овие денови разговараме и за динамиката на другите количини вакцини од вкупно нарачани 200.000 вакцини. Станува збор за вакцини кои се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинацијата, значи сите овие 3.000 дози ќе се користат за првата вакцина“, рече Филипче.

Рускиот амбасадор рече дека е присутен со задоволство.

„Убеден сум дека тоа ќе биде од голема важност за спасување човечки животи и враќање на македонската економија на траекторија на развојот и раст. Секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани со кои уживаме во вековните традиции на пријателство и заеднички вредности. Имме соработка со Владата и сакаме да ја прошируваме. Спутник е првата регистрирана вакцина во светот базирана на платформа на човечкиот аденовирус вектор. Вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и со право станува светски бестселер. Регистрирана е во 46 земји во светот, вклучувајќи и неколку држави во ЕУ. Во тек е забрзана постапка во Европската агенција за лекови за да ја испитаат, во СЗО се разгледува барањето да се вклучи во листа лекови одобрени од СЗО. Да ви посакам добро здравје, а на храбрте македонски лекари и персонал брза победа во борбата против панемијата“, рече амбасадорот.

Вакцините нема да се користат за трудници и доилки.

Ќе се вакциниаат од среда најстарите категории граѓани. Сите ќе бидат известени преку своите матични лекари и повикани на пунктовите. Во старечките домови ќе биде вакцинацијата внатре во нив.

Овие вакцини ќе се чуваат во пунктот на Јане Сандански, на минус 18 степени. 

По смртнот случај во Австрија за АстраЗенека, Филипче вели дека за сите вакцини за време на истражувањата немало несакани ефекти. Проблемите со оваа вакцина се расчистени.

„Но експертите ги следат будно сите публикации“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?