15 Декември, 2019
0.0222

Филипче: Ниту една поплака дека нема лек на рецепта

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2019

Венко Филипче, министерот за здравство, се согласува дека до сега нема ниту една поплака од граѓаните за недостиг лекови на рецепт во аптеките по укинувањето на квотите од 1 октомври оваа година.

„По два месеци од укинувањето на квотите на лековите и воведување на електронскиот систем нема поплаки од граѓаните дека не може да го најдат лекот за кој добиле рецепт од матичниот лекар. Во аптеките повеќе ги нема сликите од изминатите месеци кога имаше турканици од луѓе на почетокот од месецот кога осигурениците најмногу ги подигаат лековите затоа што по десетина дена често се случуваше да ги нема лековите на рецепт и ги купуваа приватно“, објави Филипче ба Фејсбук цитирајќи новинарска статија.

Со укинувањето на квотите во аптеките целта е секој пациент да биде снабден со лекови согласно реалните медицински потреби, без да се трупаат залихи на лекови во нивните домови. Претходно често се случуваше на средина на месецот да немаше антибиотици на рецепт, а некои лекови ги немаше уште од почеток на месец. Честиот недостиг на лековите од позитивната листа се должеше на економските калкулации и нерационалнот трошење.



Можеби ќе ве интересира

Почина тетовецот во чиј стан експлодираше плинска боца

Почина тетовецот во чиј стан експлодираше плинска боца

Никој не реагира на аферите Рекет 2, Вирус, Инсулин, Леонардо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Никој не реагира на аферите Рекет 2, Вирус, Инсулин, Леонардо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Какво време да очекуваме од утре?

Какво време да очекуваме од утре?

Борисов бара земјите кои сакаат во ЕУ и НАТО внимателно да ги мерат своите чекори

Борисов бара земјите кои сакаат во ЕУ и НАТО внимателно да ги мерат своите чекори

Тетово и Битола утрово високо загадени

Тетово и Битола утрово високо загадени

Дескоска до Груевски: Вратата на мојот кабинет е отворена, го поканувам да дојде

Дескоска до Груевски: Вратата на мојот кабинет е отворена, го поканувам да дојде

Софија Богоева: Јавните површини може да се унапредат со активно учество на заедницата

Софија Богоева: Јавните површини може да се унапредат со активно учество на заедницата

Мицкоски бара резолуција за јазикот

Мицкоски бара резолуција за јазикот

Груевски до Десковска: Да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда

Груевски до Десковска: Да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда