18 Април, 2024
0.0282

ФИЛИПЧЕ СО ДЕТАЛИ: Стигнаа фрижидерите за вакцините на Фајзер, направен е и планот кои групи граѓани во која фаза ќе се вакцинираа

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека се пристигнати фрижидерите кои одржуваат температура до -70 каде треба да се чуваат вакцините од производителот Фајзер.

-Два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели.  Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози на вакцини. Имаме сосем доволен број капацитети и во овој момент. Добро одат преговорите со компанијата Фајзер и за кратко време договорот ќе биде склучен, резервирани се дозите со таа динамика како што беше најавено од овој производител, нагласи министерот Филипче во вестите на ТВ Сител.

Како што претходно беше најавено, станува збор за 5850 дози во февруари, а пота 17.500 во месец март и април.

-Бројот на вакцини гледаме дека е едно прашање коешто е на некој начин проблематично за сите земји во Европа. Сите земји и од Европската унија добија значајно помалку од тоа што беше планирано. Тоа е причината зошто оној трет механизам на солидарност на некој начин доцни, затоа што тие не можат да си дозволат да одделат сега во оваа фаза одредена количина. Поради тоа најавија дека тоа ќе се случи во следните месеци. Колку за илустрација, од најавените 230 илјади дози на почетокот на годината Австрија добила 23 илјади. Што значи самата компанија Фајзер којашто во овој момент е единствената која има вакцина која е одобрена од двете најголеми регулаторни тела за контрола на лековите европската ЕМА и американската ФДА, има предизвик да ги зголеми своите капацитети. Сега најавија дека малку ќе намалат со цел да ги надградат капацитетите за да испорачаат многу повеќе во текот на цела 2021 година, посочи Филипче.

Министерот додаде дека во февруари ќе пристигнат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто се направи уплата и се обезбеди соодветна гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

-Целосно е спремен системот во однос на складирањето, планот на дистрибуција, идентификувањето на критичните групи според приоритет. Направен е планот, тоа се три групи. Во првата група се здравствените работници кои работат со ковид пациенти, вработените во лабораториите кадешто се прави дијагностика, штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години коишто имаат коморбидитети. Во втората група се останатите здравствените работници, вработените во критична инфраструктура - наставниците, вработените во градинките, новинарите и секако пациентите од другите возрасни групи коишто имаат хронични болести. Целосно се спремни и здравствените домови и Центрите за јавно здравје ширум државата за да ги преземат и аплицираат вакцините по овој редослед“, истакна министерот Филипче.


Можеби ќе ве интересира

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ