Филипче уште не може да пристигне во Србија
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2018
Иако уште од претпладнето беше најавено дека министерот за здравство Венко Филипче ќе ги посети повредените македонски патници во болниците во Ниш и Лесковац, тој се уште не е пристигнат на местото каде што се преврте автобус со македонски регистерски таблички и загинаа тројца македонски државјани, додека преостанатите беа хоспитализирани.
Репортерот на Сител од самото место на настанот потврди дек тој се уште не е пристигнат, а таму е генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, изјави дека Филипче патува од друга земја и затоа доцни неговото пристигнување.
- Веќе организиравме превоз за враќање на повредените во Македонија. Министерот за здравство треба во секој момент да пристигне и да се координира со нашите медицински екипи за да се види на кого му треба детален преглед и стручно да се постапи со нив - изјави Рашковски, кој додаде дека се уште не е идентификувана третата жртва затоа што не се пронајдени неговите лични документи.
Филипче и Рашковски, како и претставник од Амбасадата на Македонија во Белград, беа најавени од Влдата дека ќе ги посетат повредените во несреќата што се случи синоќа кај Лесковац кога автобус на струшки „Еуро Бус“ излета од патот.