29 Март, 2024
0.0267

ФИЛИПЧЕ: Засега нема потреба од рестриктивни мерки, но не ја исклучувам таа можност

Објавено во: Македонија 06 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Засега нема да се препорачаат дополнителни рестриктивни мерки во земјава, ниту полициски час во одредени градови, како што на пример бараше Кризниот штаб на Гевгелија.  

„Тоа што анализиравме беше инциденцата во различните градови, идентификување на геномот, и детектирано е дека голем број од случаите, над 70 отсто е од британскиот сој, и факт е дека има зголемување на бројот на заболени од одредени градови, како што се Неготино, Гевгелија, Прилеп“, рече денеска министерот Филипче одговарајќи на новинарски прашања.

Болничките капацитети во овој момент не се загрозени, има слободни кревети, вели министерот.

„Имавме состанои со Комисијата за заразни болести, ги следиме бројките, засега нема потреба од воведување рестриктивни мерки, но не ја ислучувам можноста, значи на почетокот на следната недела со Комисијата ќе го кажеме ставот од таа анализа што ја правиме“, вели Филипче. 

Според него, засега во ниеден град не се исполнети условите да се ограничи движењето, односно да се воведе полициски штаб, како што бара Кризниот штаб за Гевгелија.Вели дека ја следат состојбата. 

Вакцините се очекува да стигнат утре на скопскиот аеродром во 14 часот, а веќе од среда следната недела да почне вакцинацијата на граѓаните.

„Ги добивме од руската компанија сите потребни документи и викендов и по доѓањето и дозволата да се стави употреба, веројато дека среда ќе почне вакцинацијата, а утре ќе стигнат во 14 часот на аеродром“, вели Филипче, нагласувајќи дека од Русија се очекуваат 200 илјади дози.

Вкупно земјава има нарачано и очекува 2,2 милиони дози вакцини. 

Модуларната болница треба денеска да се стави во функција, кадарот е спремен, по систем на ротација. Досега во неа немаше пациенти, но денеска сигурно дека модуларната болница во Скоје ќе биде ставена во употреба.

„За пописот кој треба да се одржи во земјава, претставници на ДЗС имаат состанок со КЗБ и согласно со тоа ги изработија и протоколите. Засега нема индиција дека треба мерки но не ја исклучувам можноста“, наглаи министерот. 

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор