Филипче:Трудницата во стабилна состојбата, на млада девојка може да и биде ампутирана ногата
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019
Денеска во ГОБ 8-ми Септември од повредените пациенти во сообраќајната несреќа се лекуваат 28 а шестмина ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Од вкупниот број на пациенти шест пациенти се сместени на одделот за интензивно лекување, а кај двајца од нив синоќа е направена хируршка интервенција, кажа Филипче. Двајца од нив се на респираторна машина а состојбата е критична.
Причината на несреќата ќе ја открие тапографот: Возачот тврдел дека изгубил контрола
Во Клиничкиот центар во Скопје, како што кажа министерот се лекуваат вкупно осум пациенти. Четворица се на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување, еден пациент е на Клиниката за трауматологија, еден на неврохирургија, трудницата е сместена на гинекологија и е во добра општа состојба .
На ургентниот центар на клиниките во Скопје се наоѓа и млада девојка која е многу тешко повредена и лекарите како што посочи Филипче одлучуваат како да продолжи третманот врз ногата која е згмечена, бидејќи постои и можност ногата да и биде ампутирана но конзилиумот ќе одлучи што и како ќе продолжи третманот во однос на хируршката интервенција.
Останатите пациенти имаат повреди на локомоторниот систем, градниот кош и на стомакот.