18 Април, 2024
0.0369

ФИНАНСИИТЕ И РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Објавено во: Економија 12 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Од оваа учебна година започна реформираното техничко образование, образование според реалните потреби на стопанството, дизајнирано според стандарди и врз основа на резултати кои треба да се постигнат и кредитен систем. Фокусот е ставен на процентот на стручните предмети и практичната обука на работно место за стекнување стручни знаења и практични вештини и компетенции. Истовремено донесен е Законот за основно образование кој побрзо мора да ја најде својата применливост.

Но за предвидените активности потребни се финансиски средства ако сакаме да имаме квалитетно стручно образование и обука, без импровизации и шминка - од една и единствена практична причина: на реалниот сектор му требаат завршени кадри со соодветни стручни вештини за зголемување на продуктивноста во работењето и зголемување на производството и квалитетот на производите, а секоја дообука или преквалификација на кадрите бара дополнителни средства и време .

Но, од друга страна, сведоци сме на повторен ребаланс на Буџетот и кратење на и онака недоволните средства во образованието. Со ребалансот се предвидува вкупните расходи на Министерството за образование и наука од предвидените околу 26 милијарди денари да се намалат на 25.250.000.000 денари и тоа во делот на основно, средно образование, капитални инвестиции и високо образование и наука. Се бара воведување на квалитетно дуално образование, а се намалуваат средства за капитални инвестиции и опремување на лаборатории во училиштата за подготовка на учениците за реализација на практична обука на работно место. Исто така, средства се кратат и во делот за професионален развој на наставниците, на истите оние наставници кои треба да ги спроведуваат реформите и да ги подготвуваат нашите деца да станат активни граѓани и да придонесуваат во развојот на економијата и општеството во целост.

Финансирањето, во суштина, е првиот фактор за квалитетно образование, затоа што вложувањето во образованието значи вложување во иднината. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, нашата земја за образованието издвоила 3,7% од БДП, што е за 1,3 процентни поени пониско од просекот на земјите во ОЕЦД, кој изнесува 5,0% од БДП. Според податоците од МФ, проекција за БДП за 2018 и 2019 година, за 2018 година нашата земја за образование издвоила 3,66% од БДП, а за 2019 година 3,73% од БДП, што повторно е под просекот на земјите во ОЕЦД.

Ако се направи споредба со Словенија, како земја со слична традиција на образование како нашето, и со Финска, позната како земја на знаења, во која долги години учениците постигнуваат врвни резултати во PISA - тестирањата , според податоците од ОЕЦД, Словенија како држава, издвојува 4,3% од БДП, што е за 0,6 процентни поени повеќе од нашата земја, додека Финска издвојува 5,7% од БДП што е за 2 процентни поени повеќе од нашата земја. Споредено со просекот на ОЕЦД на БДП, Словенија се движи кон приближување до просекот на ОЕЦД, додека издвојувањата за образованието во Финска се движат над просекот на ОЕЦД.Токму затоа во овие земји може да се зборува за квалитетно образование.

Овие податоци укажуваат дека образованието во нашата земја не претставува еден од главните приоритети. Образованието не смее да се третира како трошок, туку како инвестиција во иднината и затоа мора да го зголемиме процентот на издвојување за образование од БДП за да можеме да спроведуваме квалитетни реформи во насока на обезбедување стручен, подготвен и квалитетен кадар за потребите на реалниот сектор и општеството во целост.

м-р Наташа Јаневска, самостоен советник
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи