25 Септември, 2020
0.0196

Финансиска поддршка за исплата на априлски плати добиле 42 големи компании

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2020

Од вчера до 7 јуни работодавачите може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за исплата на плата за месец мај 2020 година, односно до 5 јуни барања за субвенционирање на 50 отсто од придонеси од задолжително социјално осигурување и барање за финансиска поддршка на самостојните вршители на дејност, објави Генералниот секретаријат на Владата.

Во месецот што измина Управата за јавни приходи прими, провери и обработи вкупно 23.861  барања за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120 илјади вработени. Мал број на барања се сè уште во постапка на проверување и обработување.

Само мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени лица од кои:

- 42 компании кои  имаат над 250 вработени (за 26.680 вработени);
- 300 компании се со број на вработени од 51 до 250 (за 27.635 вработени);
- 19.008 се компании со број на вработени од 1 до 50 (за 73.111 вработени).

Комбинација на мерката финансиска поддршка за исплата на плата и мерката субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително осигурување ја искористиле 1.427 компании со 10.668 вработени, од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризам и тоа:

- 3 компании со над 250 вработени (за 478 вработени);
- 24 компании се со вработени од 51 до 250 (1.984 вработени);
- 1.400 компании со број на вработени од 1 до 50 (8.206 вработени).

Само мерката субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување ја искористиле 1.680 компании, опфатени се 12.011 вработени лица и тоа:

- 3 компании се со над 250 вработени (846 вработени);
- 24 компании се со вработени од 50 до 250  (2.082 вработени);
- 1.653 компании се со вработени од 1 до 51 (за 9.083 вработени).

Мерката финансиска поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност е искористена од страна на 5.187 самовработени лица со поднесени комплетни барања за БФС-СВД. По оваа мерка на физичките лица кои вршат самостојна дејност одобрен им е и исплатен вкупен износ од 75.211.500 денари.

Користењето на финансиската поддршка од страна на работодавачите по региони како што ги администрира УЈП: Скопје  5.787, Штипско 3.310, Тетовско 3.591, Струмичко 1.372, Битолско 3.252, Прилепско 2.038.

Можеби ќе ве интересира

За 4.700 денари поголеми плати лани во ЈП Државни патишта, далеку поголем раст од македонскиот просек

За 4.700 денари поголеми плати лани во ЈП Државни патишта, далеку поголем раст од македонскиот просек

Колку порасна државниот долг во записи и обврзници за 5 месеци?

Колку порасна државниот долг во записи и обврзници за 5 месеци?

И договорот со ВИК останува таен, има ли проблем кај потписот за државната помош?

И договорот со ВИК останува таен, има ли проблем кај потписот за државната помош?

КОВИД КРИЗАТА ИМ ГИ ЗЕДЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА НА 12.580 ГРАЃАНИ, бројот на пријавени го билда младинската гаранција, новите услови за социјална помош, повратниците од странство...

КОВИД КРИЗАТА ИМ ГИ ЗЕДЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА НА 12.580 ГРАЃАНИ, бројот на пријавени го билда младинската гаранција, новите услови за социјална помош, повратниците од странство...

НОВИ ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ НА АГЕНЦИЈАТА - дури 40 илјади новорегистрирани невработени

НОВИ ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ НА АГЕНЦИЈАТА - дури 40 илјади новорегистрирани невработени

Владата сака да гради пруга до Струга, а МЖ Инфраструктура не може да врати 10 милиони евра

Владата сака да гради пруга до Струга, а МЖ Инфраструктура не може да врати 10 милиони евра

Драстичен пад на доходот на домаќинствата: А колку ќе не сотре Ковид?

Драстичен пад на доходот на домаќинствата: А колку ќе не сотре Ковид?

РЕКОРДЕРИ ВО ЕВРОПА: БДП на земја од регионот отиде на дното

РЕКОРДЕРИ ВО ЕВРОПА: БДП на земја од регионот отиде на дното

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот