25 Април, 2024
0.0286

„Финансиска училница” во реализација на Комерцијална банка АД Скопје

Објавено во: Мои пари 22 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Со цел да им помогне на младите поподготвени да влезат во светот на личните финансии и да почнат да градат здрави финансиски навики, Комерцијална банка АД Скопје го иницираше проектот “Финансиска училница”, кој е дел од стратегијата на банката за општествена одговорност. Вработени на банката веќе ги посетија средните училишта Јосип Броз Тито и Орце Николов во Скопје, каде еден училишен час беше претворен во Финансиска училница.

На ученици од трета и четврта година им беа презентирани основните карактеристики на финансиските производи, нивната практична примена и, секако, потенцијалните ризици од нивното користење. Целта на “Финансиската училница” е да се запознаат младите со тоа како функционира текот на парите, зошто е важно да имаат сметка во банка, што значи штедењето за нивната финансиска независност, зошто треба да водат грижа за личните финансии и да имаат добар кредитен имиџ, дали кон платежната картичка треба да се однесуваат како кон обична пластика и какви предности нуди електронското банкарство.

Водени од девизата дека финансиската писменост е клучна за заштита на младите во моментот кога ќе станат корисници на финансиски услуги, вработени од Комерцијална банка АД Скопје во текот на годинава ќе одржат “Финансиска училница” во уште 10 средни училишта во Скопје. Во втората фаза од реализацијата на проектот ќе бидат посетени и средни училишта од другите градови во земјава.

“Финансиската училница” ги едуцира младите за да им помогне да си обезбедат побезгрижна иднина и поквалитетен живот бидејќи финансиската благосостојба на секого зависи од него лично, иако многумина не веруваат во тоа.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка