Финска го ограничува влезот на Русите кои бегаат од мобилизација - ЕВЕ КОЈ СЕПАК ЌЕ МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЗЕМЈАТА
Објавено во: Свет 23 Септември, 2022
Финска има намера значително да го ограничи влезот на Русите и издавањето визи, јавува финската јавна телевизија. Претходно, Финците објавија дека сообраќајот од Русија е двојно зголемен во споредба со минатата недела по делумната мобилизација што ја најави рускиот претседател Владимир Путин завчера неделава.
За ова прашање денеска разговараше финската влада, а деталите ќе бидат соопштени подоцна вечерва. Најавено е дека ограничувањата нема да важат за Русите кои ги посетуваат роднините во Финска.
„Владата долго време сакаше да го ограничи рускиот туризам во Финска, но беше тешко да се најдат валидни причини за тоа. Финска, исто така, се обиде да обезбеди ограничувањата да се применуваат подеднакво низ Шенген зоната“, се вели во извештај на финската телевизија.