Фирмата на бизнисменот Сеад Кочан доби нов рок да ја доврши општинската зграда во Ѓорче Петров
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2018
Нов рок за довршување на општинската зграда доби фирмата „Трансмет чиј сопственик е Сеад Кочан.
Рокот е 31 октомври годинава а дали тоа ќе се случи со оглед на фактор дека компанијата ги запре активностите и има блокирани сметки останува да видиме.
Општинската зграда се гради во рамки на деловниот центар Емпoрио во Општина Ѓорче Петров .