ФИРМАТА НА НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК СТИГНА МАГИЧНИ БРОЈКИ: Како Амазон направи вртоглава пазарна вредност
Објавено во: Економија 05 Септември, 2018
Компанијата на Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, вработува повеќе од 550 000 луѓе и генерира годишно приходи во висина од 178 милијарди долари...
Светскиот гигант за продажба преку интернет и истовремено за достава, американскиот Амазон, денес го премина симболичниот праг од 1 000 милијарди долари вредност на берзата.
Амазон чиј основач е Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе на планетава благодарение на успехот на компанијата, го премина тој праг околу 15,40 по њујоршко време, кога цената на акциите на Вол Стрит достигна 2.050,27 долари.
Фирмата која на почетокот беше интернет книжара, потоа продавач на компјутерски игри и програми ,а сега компанија за складирање на податоци (Cloud computing), стана најголема светска малопродажна фирма со користење на електронска трговија преку интернет, проширувајќи ја понудата со електроника, опрема за домаќинство, облека, храна, играчки и накит.
Компанијата, која има претставништва ширум светот има 575 000 вработени.