Фирми прават масовни тестирања за вработените, трошокот влегува за даночење
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2020
Се повеќе компании одлучуваат да спроведат масовен скрининг за вработените. Фирмите кои ќе имаат трошоци за тестирање на своите вработени за Ковид-19 односно ќе одлучат да ги плаќаат тестирањата на новите или на постојните вработени ќе мора и овој трошок да го внесат во основата за оданочување со данок на добивка, потврдуваат од сметководствените и даночни бироа.
„Трошоците за тестирање за Ковид 19 за вработените согласно постоечката законска регулатива и одредбите на ЗДД се сметаат за непризнат расход истите се вклучуваат во основата за оданочување со данок на добивка, одговараат од Проагенс.
Фирма би прифатила трошок за тест ако евентуално прима нов вработен, од кој бара да е тестиран. Секако веќе има компании кои почнаа масовен скрининг на своите вработени за д абидат сигурни дека се негативни и да се спречи ширењето на заразата во компанијата.
А.Т.