16 Април, 2024
0.0250

ФИРМИТЕ ИСПЛИВАА НА ВИДЕЛИНА: Штедачите ги објавија имињата на компании кои добивале кредити без покритие

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Вчера две, а денеска поголем број фирми изнесоа штедачите на пропаднатата Еуростандард банка.

Во најновото соопштение што го пратија до медиумите тие велат дека состојбата на Еуростандард банка на денот на нејзиното затворање, 12 август оваа година, говори дека во банката има 149 фирми со ненаплатливи и тешко наплатливи кредити, во вкупен износ од околу 55 милиони евра. 

„Ниту една од овие фирми немала платено ниту една рата, а доцнеле со плаќање од неколку стотини до преку 1.300 денови. Земени кредити во стотици илјади до милионски суми во евра. Тоа што е најстрашно е обезбедувањето кај овие фирми. Имено, најголем број од нив имаат обезбедување во станбен и деловен простор, опрема, моторни возила, залог на трговска стока или земјоделско земјиште чиишто проценети вредности најчесто се движат од 5 до 50 отсто од износот на кредитот. Според извештајот од стечајот на банката подготвен од стечајниот управник Душко Тодевски, во такви фирми со поголеми разлики меѓу износот на кредитите и делумното обезбедување се вбројуваат: Екопластик Рисајклинг доо од Скопје (доцни со исплата 803 дена), Југотрејдинг ДН дооел од Струмица (доцни со исплата 363 дена), Багкоп (доцни со исплата 438 дена), Повардарие Шпедиција доо од Неготино (доцни со исплата 864 дена), Ено-Мак дооел од Скопје (доцни со исплата 742 дена), Агромел БВ дооел од Струмица (доцни со исплата 985 дена), Електро-спој дооел од Скопје (доцни со исплата 923 дена) и други„, пишуваат штедачите во својот допис до јавноста.

Воедно, нагласуваат, има и околу 60 фирми чиишто земени кредити се покриени единствено со меници како обезбедување, а има и кредити кои немаат никакво обезбедување. 

„Според извештајот на стечајниот управник, такви фирми се: Атв Зеус (доцни со исплата 409 дена), Тете-Ем дооел (доцни со исплата 438 дена), Пинк Флај дооел од Струмица (доцни со исплата 438 дена), Јанев Трејд дооел од Струмица (доцни со исплата 438 дена), Зои Пер Компани дооел од Скопје (доцни со исплата 347 дена), Фероспектар (доцни со исплата 279 дена), Бартон дооел од Кавадарци (доцни со исплата 742 дена), Фероцем Плус дооел од Струмица (доцни со исплата 348 дена), ТП Конта План ХТЦ од Струмица (доцни со исплата 742 дена), Балкан Метал дооел од Скопје (доцни со исплата 530 дена), ТРД ТВ-Канал Вис од Струмица (доцни со исплата 620 дена) и други“, велат депонентите на пропаднатата банка.

Како што нагласуваат, вообичаено банките бараат вредноста на обезбедувањето да биде повисока од износот на кредитот. Во нашата пракса најчесто покриеноста на кредитот со обезбедувањето е најмалку 120 отсто па нагоре, зависно од видот на обезбедување. Тоа значи приложено обезбедување во износ од 120 илјади евра во парични средства може да покрие кредит најмногу во износ до 100 илјади евра.

„Праксата со обезбедувањата за издадените кредити од Еуростандард банка била обратна. Не само што се делеле кредити во стотици илјади или милионски суми во евра кои никогаш не биле исплаќани, туку и обезбедувањето на тие кредити е далеку под износите на истите и спротивно на интерните политики на банката како и на воспоставената и регуларна пракса на банките во земјава. Па така, откако сега Еуростандард банка е затворена, впаричувањето на обезбедувањата на така доделените кредити не може ни од далеку да ја надомести огромната загуба на депонентите кои ги загубија своите пари со пропаѓањето на банката“, се вели во соопштението од штедачите.

Според нив, раководните лица од банката, заедно со избраните фирми, како и одбран круг на проценители, адвокати и други вмешани страни, го почнале, развиле и сработиле криминалот којшто траел со години. 

„На сето ова, Народна банка увидела и знаела но слепо гледала и дозволила да се случува грабежот на нашите пари од депозитите на физички и правни лица. Резултатот од таквото однесување е познат денес. Во сред пандемија, голема здравствена и економска криза, криминалците од банката помогнати од замижувањето и неделувањето на Народна банка за време на нејзините вршени контроли почнувајќи од 2013 година па наваму, не оставија без нашиот личен капитал, имот, сигурност, здравје, живот, сегашност и иднина.

Уште на самиот почеток, веднаш после затворањето на банката, Народна банка се обиде и до некадае успеа да ја релативизира штетата кон депонентите кои го изгубија својот личен капитал и имот во банката. Па така, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска побрза да извести дека само 0,6 отсто од депонентите во банката нема да бидат обештетени во целост. Свесно заборави да каже дека се работи за преку 700 физички лица и семејства кои загубија повеќе од 24 милиони евра лични пари доверени во банката за којашто самата гувернерка повеќе пати јавно тврдеше дека е сигурна и безбедна како дел од банкарскиот систем во земјава и дека граѓаните не треба да се грижат за своите депозити. Воедно, гувернерката Бежоска заборави да каже и дека околу 2.000 (со зборови: две илјади) фирми ги изгубија своите депозити, останаа заробени во банката, а сите овие фирми се законски должни да работат единствено преку банкарскиот систем. Се заедно, директно погодени повеќе од 2.700 семејства и уште најмалку 12.000 семејства на вработените во ограбените фирми.

Единствено што остана после затворањето на банката се украдените пари на депонентите сместени во нечии џебови добро познати на раководните лица од банката кои го оркестрирале овој голем криминал и оправдувањата од Народна банка дека тие се направиле што можеле а сепак се случувал грабеж во континуитет повеќе години наназад. И едните и другите се учесници во криминалот. Првите краделе а вторите ги гледале како крадат, а не направиле ништо конкретно за да ги спречат.

На крајот, оштетени сме ние, физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка чии лични средства ни се украдени.

Наша поучна лекција од овој криминал до сите други депоненти во банки е дека со вака поставен систем во земјава само вие лично или Господ може да ве спаси од проневери и грабеж на вашите депозити. Доколку грабеж се случи или случува во следна банка, криминалците би си ги триеле рацете од направениот плен на вашите депозити а Народна банка би се оправдувала дека направила се што можела, но дека криминалците сепак биле појаки од нив“, се вели во последното соопштение од штедачите на Еуростандард банка.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србите реагира по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србите реагира по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

СТОИЉКОВИЌ: Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво

СТОИЉКОВИЌ: Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво

ФУРКАН САЛИУ ДО МВР: Уништувањето на доказен материјал верувам знаете подобро од мене дека е кривично дело

ФУРКАН САЛИУ ДО МВР: Уништувањето на доказен материјал верувам знаете подобро од мене дека е кривично дело

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Гир се надева дека ќе бидат донесени поскоро

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Гир се надева дека ќе бидат донесени поскоро

ПРОБЛЕМ Е НАПАДОТ ВО БАЊСКА: Oсмани ќе побара Македонија да излезе од Отворен Балкан

ПРОБЛЕМ Е НАПАДОТ ВО БАЊСКА: Oсмани ќе побара Македонија да излезе од Отворен Балкан

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ, вакцината ќе биде достапна и за момчињата

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ, вакцината ќе биде достапна и за момчињата

ЗАСЕГА ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПОБАРАЛ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ - Бујар Османи апелира сите наши граѓани таму да остават свои броеви до МНР

ЗАСЕГА ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПОБАРАЛ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ - Бујар Османи апелира сите наши граѓани таму да остават свои броеви до МНР

„ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“: министерот вели дека државата е оштетена за над 2,5 милиони евра

„ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“: министерот вели дека државата е оштетена за над 2,5 милиони евра

ПО ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ВО ИДРИЗОВО: Уапсени 17 припадници на затворската полиција

ПО ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ВО ИДРИЗОВО: Уапсени 17 припадници на затворската полиција