23 Април, 2024
0.0438

Фирмите со месеци не можат да си ги наплатат долговите од компании кои им должат

Објавено во: Економија 17 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Со месеци фирмите чекаат за да си ги наплатат парите од други компании кои им ги должат, а во просек една македонска компанија чека 109 дена.

Додека во европските земји се чека од 25 , 30 па и 60 дена во Македонија ситуацијата на ова поле воопшто не е сјајна.

Во 2016 година, за наплата на побарувањата се чекаше 122 дена, што значи дека во 2017 година просекот се спуштил за 13 дена или на 109 дена вкупно. Полошо е ако се анализира исплатата на краткорочните обврски. Во 2017 година за тоа на компаниите им требале дури 164 дена. Но и овде има намалување – во 2016 година за исплата на краткорочни обврски се чекало 178 дена. Фактор веќе пишуваше дека ситуацијата со наплатата на фактурите меѓу компаниите не е сјајна. Иако и новите податоци за 2017 гдоина, покажуваат намалување фирмите сведочеа дека имаат побарувања кои не се наплатуваат со месеци. Во Законот за финансиска дисциплина рокот е 60 дена, а може да биде и 120 дена ако за тоа има меѓусебен договор.

Најновите податоци се однесуваат на 2017 година, а за деновите потребни за наплата годинава најверорајно ќе се знае дури другата година. Економската ситуација моментно не е на завидно ниво, а економијата стагнира. Стопанственците имаат позитивни очекувања, со разврската на некои политички проблеми и со одблокирањето на евро и НАТО интеграциите. Според податоците фирмите ги врзуваат залихите за 65 дена. Во 2016 година за ова биле потребни 68 дена.

„Во првото полугодие годинава сепак нивото на наплата е подобра споредено сопрвото полугодие од 2017 година.Побарувањата помеѓу компаниите се различни во однос на меѓусебен договор кој се движи од 7 до 60 дена и во најголем број од случаи компаниите се придржуваат на крајниот рок, т.е поради тешкотиите дури во последните денови од рокот се извршуваат наплатите и тоа во бројни компании со краткорочни кредити, велат од Комората на сверо-западна Македонија.

Дека често се земаат кредити за да се подобри ликвидноста сведочат и од Стопанската комора.

„Еден од горливите проблеми со кои се соочуваат фирмите е како да ги наплатат продадените услуги и производи и како да останат ликвидни. За да се намалат негативните финансиски последици и да се подобри моменталната финансиска состојба, барајќи излез од настанатата ситуација, кај компаниите се зголеми потребата од краткорочно финансирање и кредитирање под услови штоне значи дека им одговараат во потполност, но на тоа се приморани за да не направат застој во производниот процес и тековното работење“, велат од Стопанската комора..

Фактор веќе пишуваше дека податоците за наплатата на долговите меѓу фирми во развиените земји покажуваат дека таму рокот е значајно понизок. Така, во Германија за наплата се чека по 25 дена во просек, во Шведска по 30 дена, во Австрија 34 дена, во Франција 42 дена во просек. Во соседна Грција тој просечен рок е околу 60 дена, додека во Италија е 85 дена.

Законот за финансиската дисциплина подразбира приватните субјекти со договори да се обврзат да си ги платат меѓусебните обврски во рок од 60 дена или да се договорат меѓусебно да го сторат тоа за максимум 120 дена.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените