19 Април, 2024
0.0364

Фискална војна меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ!

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Фискалните сметки повторно се во фокусот на препукувања меѓу власта и опозицијата. И додека политичките партии си префрлаат чиј предлог бил подобар, оној на опозицијата за поврат на 15% од платениот ДДВ или сегашниот на власта за награда игра со фискални сметки, во јавноста се отвора дебата - станува ли збор за популизам или пак во прашање е неможност на државата сама да се справи со наплаќање на даноците. Само неколку недели откако беше одбиен предлогот на опозицијата, граѓаните да можат да си повратат 15% од сумата платена за ДДВ, власта излезе со контра мерка, и сега секој кој ќе собере 20 фискални сметки од кој било износ, ќе може да учествува во наградната игра, оранизирана од државата. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори. Првите награди ќе биде извлечени на еден ден пред дочекот на идната 2014 година. Заев: ова е потврда дека има даночна евазија! Државната лотарија со фискалните сметки за опозицијата е владино признание дека постои проблем со наплатата на даноците, но и дека предлогот на СДСМ со кој граѓаните би можеле да си повратат 15% од платениот ДДВ , бил одбиен само затоа што доаѓал од опозицијата, смета лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според него, откако власта увидела дека токму тој предлог на опозицијата предизвикал голем интерес кај граѓаните сега бара начин како да го модифицира и претстави како свој, но наместо да го прифати добриот предлог на СДСМ, според Заев сега се прави лошо решение од кое корист ќе имаат малкумина, наместо сите граѓани како што предлагаше опозицијата.
Жалам што се такви – никакви. Наместо да прифатат добро решение и да го спроведат предлогот со кој секоја фискална ќе сметка значи добивка за граѓанинот, толку насушно потребна во ова време на криза, тие спроведуваат некаква наградна игра. Со наградната игра добиваат неколкумина, а со нашиот предлог за поврат на 15% од платеното ДДВ добива секој. Јасно е дека најмногу пари трошат тие што и најмногу ги имаат, а денеска и врапчињата знаат дека сите пари се во власта. Така што и Сашо Мијалков и Никола Груевски ќе имаат можност да добијат ако го имплементираат решението на СДСМ, изјави Зоран Заев, за Фактор.
Заев додава и оти е очигледно дека иако власта ја критикувала мерката што беше предлог на опозицијата, сепак се покажало дека ако се спроведе ќе има одличен ефект врз целото стопанство, врз сите семејства, па дури и повеќе пари во буџетот.
 Со оваа наградна игра, прво потврдуваат дека има голема даночна евазија на ДДВ, за која опозицијата предлага најдиректно и најелегантно решние, а со кое секој граѓанин може сам да одлучи дали му треба лап топ, телевизор или му требаат, храна, намирници, или можеби му требаат пари за студирање, вели Зев и додава дека не може да помине перфидноста на владата оти тоа е веќе видено, никој веќе нека не мисли дека нашиот народ е наивен, вели Заев за Фактор.
Ставрески: ќе се зголеми свеста за издавање фискални сметки! Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, ќе биде Државната лотарија, под покровителство на Министерството за финансии. Со измени на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, граѓаните немаат обврска да платат ако не им биде издадена фискална сметка.
 Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и ги стават во плико. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Измените се цел да се намали даночната евазија, да се спречи или намали нелојаната конуренција, односно да создадеме поздрава конкуренција меѓу субјектите во стопанството и да се зголеми свеста кај сите за издавање и добивање фискални сметки, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.
Согласно истиот Закон граѓанинот има обврска да ја чува фискалната сметка најмалку 15 метри од местото каде што се врши трансакцијата, со цел доколку УЈП изврши контрола да може да се констатира дали е или не е издадена фискалната сметка. Листа на должници Со најавените измени на Законот за даночна постапка, се предвидува објавување листа на должници, на доспеани и неплатени долгови по основ на данок на додадена врдност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, како и акцизи и царини. За сите должници кои подолго од 90 дена нема да ги платат јавните давачки ќе бидат објавени јавно на листа на веб страницата на Управата за јавни приходи, каде што ќе биде објавено името и презимето на должникот или називот на фирмата и други податоци кои се однесуваат на должникот, како и вкупниот износ на долгот, појасни Ставрески. На листата ќе се најдат физичките лица кои нема да го платат долгот повисок од 120.00 денари во предвидениот рок и правните лица со долг над 300.000 денари, кој не е платен повеќе од 90 дена. Предвидено е 15 дена пред објавување на листата секој од должниците кој не платил подолго од 90 дена да добие опомена од УЈП и можност доколку плати да не биде објавен на листата. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите