18 Април, 2024
0.0231

ФИТР: 158 предлог дигитални решенија на јавниот повик Креатон за справување со последиците од КОВИД – 19 одат во фаза на финална селекција

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно 158 од 546 пристигнати иницијативи одат во фаза на финална селекција на јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од КОВИД-19.

Сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција, во следните 48 часа треба да изработат на активности и буџет, како и куса видео презентација (pitch) пред Комисијата за евалуација и избор. Комисијата е составена од членови на  Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР, а предлозите се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализацијакапацитет на проектниот тим и влијание.

Предлог иницијативите нудат решенија во неколку области – во најголем дел се наменети за е-образование, медицина, ИТ платформи за прилагодување на бизнисот во услови на криза, финансии и трговија, како и информирање, култура и слободно време. Решенијата што по завршување на оваа фаза ќе бидат избрани за реализација имаат рок од 15 дена да бидат функционални.

Дополнително, се очекува решенијата да бидат целосно применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со КОВИД – 19 вирусот, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10.000,00 евра во денарска противвредност.

Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19.Тимот на ФИТР веќе финализира и нови предлози за поддршка на своите корисници и домашната економја  како дополнение на пакетот економски мерки на Владата.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година