18 Април, 2024
0.0294

ФИТР: 22 проекти од млади претприемачи со потенцијал за брз пораст добија финансиска поддршка преку Програмата за самовработување

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Дваесетидва проекти од млади претприемачи со потенцијал за брз пораст веќе започнаа со реализација преку Програмата за самовработување за 2019г, што ја реализира Агенцијата за вработување, во соработка со УНДП и Фондот за иновации и технолошки развој. 

Овие проекти се дел од новата ИН-група што е воведена како новина во Програмата, чија цел е проектите со иновативна компонента да добијат соодветна менторска поддршка и да го искористат целосниот потенцијал за брз пораст и висока додадена вредност. ИН-групата е надополнување на веќе постојните програми на Фондот за поддршка на старт-ап бизнис, и тоа во рана фаза на формирање на компанија и развој на бизнис план, што досега беше посочувано како крупна пречка за младите луѓе за аплицирање. 

На денешниот настан своите проекти ги презентираа двајца млади претприемачи. Зборувајќи како дошла до својата идеја, Ирена Лозана, креаторот на проектот за хигиенските влошки за повеќекратна употреба, истакна дека таа веќе работи според моделот на социјално претприемништво, според кој планира 7% од заработката на нејзините производи да ги донира во загрозени семејства и лица.

„Потребно е да се зголеми свеста кај секоја жена, не само кај жените од руралните региони кои се можеби најголемата група нови корисници на хигиенски влошки за повеќекратна употреба. Влошките се сериозен дел од глобалното загадување, а со овие иновативни производи, веруваме дека секоја жена ќе даде свој придонес во намалувањето на овој проблем. Покрај финансиски средства, потребна ни е помош во делот на маркетинг, промоција и продожба, и верувам дека ќе го добиеме тоа од Фондот“, истакна Лозана. 

На настанот се обрати министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која истакна дека овој механизам претставува вистински чекор напред во поглед на остварување на правото на самовработување и искажа голема благодарност за успешна соработка помеѓу ресорното министерство, УНДП, Агенцијата за вработување и ФИТР. 

„Како дел од МТСП мора да ја истакнам одличната соработка со ФИТР и нивната брилијантана идеја стартапите да станат одржливи преку Опративниот план. Мерките од ОП ги прилагодуваме според потребите на компаниите и пазарот на труд. Лани годината ја започнавме со 1,1 милијарди денари наменети за ОП а ја завршивме со 1,3 милијарди денари, што е за три пати повеќе од 2016 година. Идната година ја стартуваме со оваа сума со можност истата да се зголемува во согласност со интересот и реализацијата,“ посочи Царовска.

Директорот на ФИТР Јован Деспотовски им честита на храброста на присутните млади претприемачи за донесената одлука да започнат свој бизнис.

 „Државата, институциите вложуваат, даваат поддршка за младите во Република Северна Македонија. Поддршка за развој на сопствена идеја, бизнис, што ќе креира брз раст и додадена вредност за целото општество. Овие 22 нови компании ќе се придружат на над 100 старт-апи кои веќе реализираат свои проекти во рамки на програмите на Фондот во изминатите 24 месеци. Ќе добијат целосна менторска поддршка од наша страна. Очекувам овој број значително да се зголеми и со новиот повик, што Фондот ќе го објави до крајот на годината, а ќе биде повторно наменет, пред се, за младите луѓе во нашата земја“.

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска посочи дека до сега годинава постои огромен интерес за програмата за Самовработување, а радува и фактот што дел од тие апликанти размислуваат во насока на воведување иновации. 

„Со програмата за Самовработување, оваа година беа поддржани повеќе од 1400 лица кои основаа сопствени бизниси, од кои 430 беа млади лица на возраст до 29 години. Во рамките на оваа програма, беше издвоена посебна група на апликанти, т.н. ИН група, кај кои се препозна потенцијал за основање иновативни, односно брзорастечки бизниси. Фондот за иновации и технолошки развој обезбеди ментори/советници кои им помогнаа на овие апликанти да изработат бизнис планови кои понатаму беа избрани за корисници на програмата. Притоа, беа основани 22 нови бизниси, кои понатаму имаат можност да добијат поддршка и преку јавните повици на ФИТР.“

Нарине Сахакиан, постојана претставничка на програмата за развој на Обединети Нации, ја истакна важната улога на оваа мерка за целокупното македонско општество, и ја потврди заложбата на нејзината организација во иднина посветено да работи, заедно со владините тела, на креирање нови работни места и пилотирање нови иновативни пристапи со цел изнаоѓање конктретни и ефикасни решенија.

„Програмата за развој на Обединетите нации, заедно со националните партнери, преку програмата Самовработување ги поддржуваат претприемачите започнувајќи од нивните бизнис идеи, до формирањето на бизнисот, па се до понатамошната поддршка за бизнис развој и проширување на нивните сервиси и услуги. Ние, во УНДП, сме посебно горди на компаниите формирани преку програмата за Самовработување, а посебно внимание обрнуваме на иновативните бизнис идеи бидејќи сметаме дека се моторот на промени и двигателот до економскиот прогрес кој ќе влијае на корисниците, но и на економијата во целина. Навистина, овие иновативните бизниси се клучен партнер во обезбедување на одржлив развој во земјата“. 

Преку Оперативниот план за 2019 година апликантите можат да добијат до 5.000 евра, или ако се двајца содржници до 10.000 евра. За програмата за самовработување, Владата одвои рекордни скоро 8 милиони евра како поддршка на значително висок број претприемачи од првично предвидените средства. На ниво на цела држава за годинава предвидено е потпишување на вкупно 1.484 договори за самовработување. Од нив вкупно 557 лица, односно 38% се млади лица, до 29 години, а 518, односно 35% се жени. Во последните неколку години околу 15 % од вкупно регистрираните приватни бизниси во државата потпаѓаат под програмата самовработување. 

Можеби ќе ве интересира

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ