29 Март, 2024
0.0253

ФИТР и Македонска берза отвораат пристап до алтернативни можности за финансирање за македонските компании

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Фонд за иновации и технолошки развој и „Македонска берза“ денеска потпишаа меморандум за соработка, чија цел меѓу другото е на македонските компании да им се овозможи пристап до алтернативен извор за прибирање капитал. На присутните претставници на компании корисници на ФИТР им беа презентирани можности за пристап до глобална интернет платформа Фандербим (Funderbeam) - за финансирање и трговија која овозможува поврзување со 200,000 приватни компании и 17,000 инвеститори низ Европа. Македонија преку Македонска берза е прва земја од регионот на Западен Балкан, која ќе има пристап до оваа интернет платформа за финансирање која функционира преку принципот на креирање кампањи за собирање средства, таканаречени - crowd funding.


Директорот на ФИТР Јован Деспотовски нагласи дека со ова се отвораат нови можности за поддршка и развој на македонските компании и пристап до странски фондови.

“Државата, односно владата преку Фондот за иновации и технолошки развој останува и понатаму посветена да ги поддржува домашните компании. Она што сега го правиме е на компаниите, покрај средствата обезбедени од буџетот да им овозможиме  пристап и до други извори за финансирање, особено на европскиот пазар, па и во глобални рамки“, рече Деспотовски и најави дека веќе се преговара и со фондови од САД и Израел.

“Македонија не е изолиран остров, Македонија е веќе дел од глобалните финансиски трендови на финансирање и инвестиции во иновации и технолошки развој. Покрај средствата кои ги вложува владата, сакаме да фатиме приклучок и во глобалните финансиски текови и средствата кои се вложуваат во компаниите и во нивниот развој да бидат достапни и за македонските фирми.“ 


Иван Штериев, извршен директор на „Македонска берза“, очекува преку заедничката соработка на двете институции во иднина да се создаде нов значаен канал за финансирање на домашните иновативни претприемачи.

Во недостиг на оперативни crowdfunding платформи во нашата земја, Македонска берза во наредниот период ќе се обиде да го олесни процесот на финансирање на стартапи, мали и средни претпријатија, следејќи ги искуствата на некои други берзи во регионот. Берзата неодамна потпиша договор со компанијата Funderbeam SЕЕ којашто е дел од една иновативна платформа за колективно финансирање на глобално ниво. Преку оваа платформа македонските компании ќе добијат можност за полесно небанкарско финансирање во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори ќе можат да вложуваат во домашни бизнис проекти каде ќе препознаат добар потенцијал, со што ќе изврши поефикасна алокација на домашните заштеди и во овој дел од економијата. Истовремено, Берзата ќе ги понуди и прошири своите услуги и за помалите македонски компании.“


Инаку, глобалната интернет платформа Фандербим за финансирање и трговија на приватни компании е основана во 2013 година, но со тргување и инвестирање започнува во 2016 година. До сега преку неа се инвестирани 8 милиони евра во компании, а половина од средствата, односно 4,3 милиони, се инвестирани само во 2018 година.

Оваа платформа овозможува пристап до инвеститори во 113 земји, а компаниите можат да се поврзат со глобалната инвеститорска сцена. Платформата таргетира седум региони – Велика Британија, Нордиските земји, Балтикот, Јужна и Источна Европа, Сингапур и Бразил.

Фандербим користи напредна блокчеин технологија – која се нарекува и технологија на иднината – а, нуди едноставно и безбедно тргување и инвестиции. На овој начин инвеститорите повеќе не мора да бидат „заглавени“ во одредени инвестиции со години – оваа платформа нуди „рециклирање“ на сопствените фондови во нови можности.

Платформата е така дизајнирана и функционира да им помогне на компаниите да спроведат кампањи за собирање инвестиции и капитал за брзо време. Истовремено ги намалува трошоците за партиципација на инвеститорите.


Можеби ќе ве интересира

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт