25 Август, 2019
0.0202

ФИТР: Институциите да функционираат како ентитет

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2019

Фонд за иновации и технолошки развој, во соработка со Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, денеска ги презентираше препораките од студиите на одржливост во рамките на проектот „Начини на јакнење на иновацискиот екосистем“, финансиран преку претпристапните фондови на ЕУ.

Целта на проектот е да се скенира моменталната состојба на мерки и институции кои нудат поддршка за иновации и развој, како и да се дефинираат идни мерки за поттикнување на соработката меѓу академската заедница и бизнисот.

„Овие студии нудат сет од конкретни препораки со цел поедноставување и поголема ефикасност на системот на доделување на финасиска поддршка за домашните компании. Конкретно дел од програмите што се преклопуваат да се консолидираат во една или неколку за да знаат и компаниите на која врата треба да тропнат. Во контекст на ова, експертите препорачуваат и дел од институциите чиишто надлежности на хартија се преклопуваат да се консолидираат во една или неколку. На пример, во делот на обезбедување советодавни услуги за компаниите наместо државата да вработува нови луѓе,  а со тоа и да троши буџетски средства, да се прифати препораката Агенцијата за поттикнување на претприемништво да се припои кон ФИТР како институција која има најголем удел во овој систем, со оглед на фактот дека 97% од програмите во дел на иновации се реализираат преку ФИТР, “ нагласи Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

Тој дополни дека “средствата кои би се ослободиле на овој начин би се употребиле за развој на нови инсртументи, конкректно за поттикнување на соработка меѓу академијата и бизнисот“.

Студиите беа направени од тим на експерти ангажирани од Делегација на Европска Унија во РСМ кои спроведоа детална анализа на постоечките мерки кои во земјата во делот на иновации, на институции и тела вклучени во овој процес, како и компании.

Можеби ќе ве интересира

Утре без вода цела населба Лисиче

Утре без вода цела населба Лисиче

Дефектот на ул.Карл Либкнехт 4 е саниран

Дефектот на ул.Карл Либкнехт 4 е саниран

Дефектот на улица Босна и Херцеговина е саниран

Дефектот на улица Босна и Херцеговина е саниран

Трчањето како начин на живот, а трката како шлаг во Битола

Трчањето како начин на живот, а трката како шлаг во Битола

Саниран дефект и најава за прекин во водоснабдувањето

Саниран дефект и најава за прекин во водоснабдувањето

Тутунскиот комбинат АД Прилеп годинава ќе ја заврши за прв пат со добивка

Тутунскиот комбинат АД Прилеп годинава ќе ја заврши за прв пат со добивка

Марко Пејчиновски - СО СРЦЕ ЗА РЕТКИТЕ

Марко Пејчиновски - СО СРЦЕ ЗА РЕТКИТЕ

Вработување во ПроКредит банка

Вработување во ПроКредит банка

ОКТА и УКИМ потпишаа меморандум за стипендирање студенти

ОКТА и УКИМ потпишаа меморандум за стипендирање студенти