19 Април, 2024
0.0250

ФИТР КРЕАТОН – избрани дигитални алатки за справување со последиците од Ковид – 19

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2020

Добивај вести на Viber

На јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од КОВИД-19 избрани се 16 решенија. Повикот е спроведен во соработка со партнерите Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР чии претставници беа членови на Комисијата за евалуација и избор.

“Сите овие решенија нудат придонес во намалување на последиците и прилагодување на животот и работата во услови на криза. Она што е од исклучителна важност е дека целиот процес беше спроведен во рекорден рок. Тоа покажа дека и граѓаните од кои добивме над 500 апликаци, но и институциите и меѓународните организации можат и мораат да се прилагодуваат и ефикасно да функционираат во изменети услови“, рече Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

Овие решенија треба да бидат целосно функционални за 15 дена и ќе бидат бесплатно достапни за сите граѓани, компании и организации.

“Мислиме и за ден потоа, решенијата се применливи и во услови на нормално функционирање со што се дава придонес во дигитализација на општеството. Пак ќе повторам, целта е од сето ова што ни се случува да излеземе пред се здрави, а потоа и посилни и подобри,“ рече Деспотовски.

Избраните решенија нудат дигитални алатки во медицина, образование, борба со лажни вести, дигитални алатки за прилагодување на малите и средни претпријатија. Меѓу нив има ИТ решение за бесконтактна интеракција на пациенти, лекари и аптеки, платформа за ММС со пристап до бесплатни дигитални алатки и едукација како да се приспособат на новите услови на работење, алатка за верификација на граѓани, организации, фирми и институции во деловен процес со дигитален идентитет, како и апликација за поттикнување на читачките навики кај основци и средношколци преку интеракција и со помош на гејмификација.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони со максимален износ по апликација до 10.000,00 евра во денарска противредност.

Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19. Во координација со меѓународните партнери, пред се Светската Банка ФИТР ги финализира и нови предлози за поддршка на своите корисници и домашната економја  како дополнение на пакетот економски мерки на Владата.

На следниот линк е видео материјалот од прес конференцијата:https://wetransfer.com/downloads/a2dee0a1fa7fbbf5df49739b6234185a20200408123142/418e42fd677867be42844706a9d899c220200408123200/7deda7

На следниот линк е презентацијата на одобрените предлог-проекти:http://www.fitr.mk/?p=20952

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година