20 Април, 2024
0.0283

ФОКУС НА ДЕНОТ: Европратениците бараат зелено светло за Македонија, запалени возила во Штип

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Фактот дека Македонија не доби датум за старт на преговори со Европската Унија е тема на која уште има реакции во соседството и пошироко. 

Членките на ЕУ да ја поправат грешката која ја направија кон Македонија и Албанија со недоделувањето датум за отворање на пристапните преговори а за тоа денеска се изјаснија европските пратеници со 412 гласа ЗА, 136 против и 30 воздржани во Европскиот парламент.

Тоа значи дека резолуцијата помина а Европскиот парламент денеска нагласува дека двете земји ги исполнуваат условите за започнување на преговори.

-Парламентот изразува длабоко разочарување поради неуспехот да се договорат преговори за пристапување во ЕУ на Македонија и Албанија на самитот на ЕУ на 17 и 18 октомври-стои во текстот на ЕП.

Европските пратеници жалат поради потегот на Франција, Данска и Холандија да ја блокираат одлуката и велат дека нашата земја и Албанија вложиле значајни напори во послендите неколку години и ги исполниле критериумите на ЕУ за започнување на разговори за членство.

По инцидентот кој утрово се случи во Штип, каде со молотови коктели се запалени возила, се јавија со реакција од СДСМ. 

Палењето автомобил на членови од СДСМ е доказ за обновата за која се залага опозицијата, велат од владејачката партија. 

За опозицијата, обновата значи обнова на поделбите и насилство врз неистомислениците, додаваат од СДСМ. 

„Последниот инцидент во Штип каде е запален автобомилот на членови на СДСМ е доказ за тоа за каква обнова се залагаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Костадинов рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се единствените кои се против НАТО, против ЕУ, против реформите и интересите на државата

Шефот на македонската Влада, Зоран Заев, денеска повикан како сведок на Обвинителството во Кривичен суд за предметот „Таргет и Тврдина“ рече дека за нелегално прислушкуваните материјали од УБК бил информиран од разузнавачот Зоран Верушевски кога станал претседател на СДСМ во 2013.

„Прв пат за прислушувањето слушнав кога станав претседател СДСМ. Претседател на Комисијата за безбедност и контраразузнавање беше Зоран Верушевски. После јуни 2013 година дознав за прислушувањето. Тие материјали ги добиле од институциите во Македонија за потребите на СДСМ. Само јас како претседател бев информиран за тие разговори. Од тие материјали дознавме дека се прислушувани над 20.000 директно или индиректно. Најмногу се прислушувани телефони на СДСМ, па на новинари и на високи претставници на албанските партии“, рече Заев.

Франција има нова идеја, a претседателот Емануел Макрон му нуди специјално партнерство на Балканот. 

Земјата започнала неофицијални дипломатски консултации за да на некои земји од Западен Балкан им понуди привилегирано специјално партнерство.

На земјите од Западен Балкан би им била дадена финансиска помош, посебни аранжмани за пристап на европските пазари и други бенефиции,  во замена за тивко откажување од полноправно членство

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан