19 Април, 2024
0.0274

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нема одлука за отворање на преговори, Јоханес Хан им се извини на граѓаните

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот Јоханес Хан изрази разочарување и им се извини на граѓаните на Македонија и на Албанија, затоа што нема одлука за отворање на преговорите.

„Не е момент за гордеење, но не сакам да обвинам никого. Сега на ред е Советот на Европа. Огромен број на членките ја поддржаа препораката на Комисијата. Навистина ми е жал бидејќи не е момент за гордеење. Секое понтамошно одложување ќе наштети на нашиот кредибилитет на Западен Балкан и исто така нашите амбиции да станеме посилен глобален играч. Не треба да се изнендадиме ако други сили го засилат своето влијае таму. Се уште се надевам дека во четврток или петок Советот на Европа и лидерите на земјите ќе донесат политичка одлука за да го вратиме нашиот кредибилитет на Балканот. Македонија и Албанија си ги исполнија своите домашни задачи, направија навистина болни реформи кои во повеќе од нашите земји не се можни. Граѓаните имаат желби и соништа, не е задоволување на политичари, треба да работиме за луѓето. Им се извинувам на граѓаните што не успеавме да се договоривме. Се надевам дека ќе успеаме да ги убедиме другите. Државите испорачаа, сега ние требаше да испорачаме, но не испорачавме“, рече Хан.

Министрите за надворешни работи на ЕУ не успеаја да се договорат и не донесоа одлука за отворање на преговорите со Македонија и Албанија.

Франција и Холандија го блокираа предлогот на финското претседателство за датумот за преговори. 

Финското претседателство со ЕУ официјално предложи да се раздвојат Северна Македонија и Албанија при одлучувањето за отворање на пристапни преговори

Верувам до небото дека ќе добиеме датум, изјави денеска премиерот Зоран Заев, по вчерашното одбивање на амбасадорите на ЕУ за предлогот на финското претседателство за земјава. Тој верува дека драмата во ЕУ ќе трае до последен момент.

„Останувам оптимист, за нас е значајна чиста одлука за земјава. Јас имам разбирање за потребата на Франција за воведување на нова методологија, и немаме проблеми со ставот дека новата методологија ќе значи и реформирање на ЕУ. Но, не постои земја која во изминативе години направила повеќе од нас за да ја заслужиме таа одлука“, вели премиерот Заев.

Тој рече дека денеска заминува за Австрија на бизнис посета, и веднаш потоа патува за Брисел, каде на состаноците на ЕПП и на ПЕС на 17 октомври ќе се продолжи со лобирање за земјава. Премиерот очекува министрите да им остават одлуката да ја донесат лидерите на земјите, на Европскиот совет што ќе се одржи во четврток и петок.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?