ФОКУС НА ДЕНОТ: 19-годишни затворски казни, билети за Папата, упад во ИВЗ
Објавено во: Македонија 23 Април, 2019
По 19 години во затвор како казна добија обвинтетите за убиството на Никола Саздовски Саздо. Бесир Беља и Скендер Демири се осудени во судската постапка која траеше пет ипол месеци. Двајцата се сторители на кривично дело убиство затоа што на 29 јуни 2018 година смртно го повредија дваесетгодишниот Саздо. Дополнително, обвинетите се задолжуваат да исплатат по 1.200.000 денари на родителите и на братот на убиениот.
https://www.faktor.mk/po-19-godini-zatvor-za-ubijcite-na-sazdo
Владата објави видео по повод посетата на Папата Франциск на 5 мај и ги повика граѓаните да си подигнат билет по повод неговото доаѓање.
„На 7 мај, во Скопје, доаѓа Папата Франциск во Апостолска посета на Република Северна Македонија. Ги повикуваме сите граѓани кои се заинтересирани да присуствуваат, да подигнат билет за настанот од било која католичка парохија во државата, најдоцна до 3 мај 2019 година. За дополнителни информации посетете ја веб-страницата: papa.mk“, гласи повикот на Владата.
https://www.faktor.mk/video-vladata-gi-povika-gragjanite-da-si-zemat-bilet-za-posetata-na-papata
Финансиска полиција упадна во седиштето на Исламската верска заедница откако Скендер Бузаку, кој досега делуваше како фракционер, го доби судското решение дека тој треба да биде новиот реис на местото на Сулејман Реџепи.