25 Април, 2024
0.0373

ФОКУС НА ДЕНОТ: Aхмети сведочеше за „Монструм“, словенечки „Растодер“ се побуни за кокаинот

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Како политичка партија плативме највисока политичка цена за „Монструм“, па затоа побаравме да се повтори овој судски процес, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети, по сведочењето во судот. Тој вели дека доколку овој случај не се расветли како што треба, ќе има последици. 

„Побаравме повторување, повторно судење, бидејќи судовите и обвинителството беа многу чувствителни и ранливи, а целата јавност беше во необјаснета ситуација, вклучително и сеемјствата кои ги загубија своите блиски, вклучително и тие што беа осудени. И ние силно баравме ова судење да се повтори со докази со меѓународно мониторирање. Тоа го побаравме и од Брисел и од Вашингтон, овој процес да се мониторира. Брисел и Вашингтон ни рекоа дека веруваат во мониторирањето на ОБСЕ. Пред се, ние сакавме вистината да излезе на виделина, само така можат да најдат мир тие кои ги загубија своите најмили, но и не со секој услов да се инструментализира еден виновен туку тој што го има сторено делото и да одговара, да нема селективна правда“, рече Ахмети.

„Растодер“ тврди дека се цел на злоупотреба од страна на криминален картел. Вака се огласи сопственикот на фирмата од Словенија , чиј бренд беа бананите во кои македонската полиција заплени килограм кокаин.

„Криминален картел нѐ злоупотреби. Веќе подолг период меѓународни криминални организации прават злуоупотреби на трговските рути од Јужна Америка за нивните противзаконски активности“, соопштуваат од „Растодер“.

Во скопски Крушопек пред два дена полицијата заплени еден килограм кокаин кој што беше скриен во кутии со банани, а медиумите во Словенија пренесоа дека бананите кои се увезени до Јужна Америка требало да завршат во Италија, патувајќи преку неколку балкански земји.

Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, денеска како сведок во случајот „Монструм“ рече дека го посетил семејството на обвинетиот Хаки Азири, но не за да интервенира политички по петкратното убиство на Смилковско езеро, туку да му објасни на неговото семејство дека нема информации каде бил исчезнат во тој период. Османи рече дека му одговорил на семејството откако тие испратиле писмо до него.

– Родителите на Хаки пратиле писмо јас да кажам каде им е синот. Тоа ме погоди. По настанот и акцијата имаше свикано претседателство во партијата и се донесоа одредени ставови, кои јас требаше да ги пренесам во јавноста. Во интервју на национална телевизија, требаше да ги кажам ставовите. Истиот ден или наредниот, на национална телевизија, додека бев во операциона сала, имаше писмо од еден од обвинетите, Хаки Азири, во кое стоеше „Нека каже Бујар Османи каде е мојот син?“. Ми беше важно да кажам дека не знам каде е. Преку луѓе кои се соседи, побарав да се сретнам со нив за да им ги пренесам ставовите – рече Османи.

Владата разгледува две опции надминување на кризата со пасошите - или фирмата „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасците за пасоши или да се продолжи важноста, за што пречка е текстот на Законот за патни исправи кој ја утврдува важноста на патните исправи

Речиси на секој чекор можат да се забележат малолетници како непречено уживаат во никотин. Пред училиштата, на улици и речиси на сите локации, малолетни момчиња и девојки слободно конзумираат цигари. И во локалите низ градот во кое се оди на „по едно кафе“, речиси е редовна сликата на малолетници, најчесто средношколци, со цигари во рацете.

Нормално, како пред секој предизборен циркус во Македонија, и власта и опозицијата најавуваат „ голема победа, победа за Македонија“. Освен  во случаите каде што опозицијата била свесна дека  сигурно ќе ги загуби изборите и како јамп во најава, предизвикува бојкот и несоочување на изборен мегдан. За наша среќа, најава за бојкот нема, а со тоа се очекува дека изборните резултати ќе бидат прифатени и нивниот легалитет и легитимитет нема да биде постизборно оспоруван

Зетот на еден од најуспешните македонски бизнисмени Минчо Јорданов, Горан Мауровски, е поставен за нов генерален директор на ДГ Бетон АД Скопје, на местото на досегашниот вршител на должноста Коста Глигориевски, кој привремено ја вршеше оваа функција откако изминатото лето Дејан Нешковиќ поднесе оставка.

Импресивни, мотивираат, поместуваат од тло. Приказната на македонската компанија Кодвел (CodeWell) навистина е претприемачка приказна од Силиконската долина, со тоа што не се случува во Сан Франциско туку во Скопје.

Пет компании доминираат на македонскиот пазар за очила за сонце. Меѓу сопствениците тројца мажи и две жени. Една компанија прави приход поголем од 1,5 милиони евра, а две се близу до еден милион евра и две прават повеќе од половина милион евра. Три од пет компании повеќе од 10 отсто од приходот останува како добивка

Можеби ќе ве интересира

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија