20 Април, 2024
0.0277

ФОКУС НА ДЕНОТ: Aкција во Љуботен - што заплени полицијата?

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Утрово полицијата ги претресуваше речиси сите куќи каде што има складиран тутун на црно и со камиони го изнесува од селото. Некои од жителите доброволно го изнесуваа на улица.

Од нелегалниот увоз на тутун и продажба на цигари буџетот на државата за година и половина е оштетен за 7,3 милиони евра.

Правни лица шверцувале необработен тутун, а физички лица го обработувале и нелегално го продавале на пазарот, соопштија директорите на Финансиската полиција и Царинската управа Арафат Муареми и Ѓоко Танаскоски, по акцијата во скопското село Љуботен каде е запленето 12 тони тутун како и опрема за обработка. 

Повикани на разговор засега се 4 физички лица кои по давање исказ ќе бидат пуштени, а ниту едно правно лице кое го шверцувало тутунот не е приведено. Муареми вели дека тие се познати на истрагата и се очекува јавен обвинител да даде налог за нивно приведување.

Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи денеска спроведе акција во скопското село Љуботен врз основа на сомнение за сторени кривични дела криумчарење на акцизна стока и царинска измама.

По вчерашниот протест предводен од најблиските и роднините на Ел Чека против ДУИ во Тетово, денеска Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против него за неовластено прислушкување и тонско снимање.

„Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица“, се вели во обвинението кое наложува кривично гонење.

Според актот, Ел Чека на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори.

Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика, демантира дека „се збогатила“ за една година, откако во евиденцијата на имотниот лист ја придодаде и вредноста од околу 1,3 милиони евра која ја поседуваат родителите.

Министерствата успеале да потрошат само 13,7 отсто од предвидените капитални инвестиции за пет месеци годинава. Најновите податоци за извршувањето на буџетот покажуваат дека трендот на слаба реализација на капиталните расходи продолжува. Слична беше ситуацијата и минатат година, кога предвидените капитални трошења потфрлија најмногу во последните години.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите