20 Април, 2024
0.0272

ФОКУС НА ДЕНОТ: Бура реакции за изјавата на Заев, тој вели нема да дозволи некој да го спречи успехот на земјата

Објавено во: Македонија 14 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Сите замешани во случајот кои прекршиле закон да си одговараат со соодветни казни, во транспарентна правосудна постапка. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви, вели во интервју за МИА премиерот Зоран Заев.

Жалам ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, но останувам на моите определби за кои претходно зборував, како и на вербата во вредностите за кои отсекогаш сум се борел. Нема да дозволиме на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

Ова во краткото интервју за МИА го истакнува премиерот Зоран Заев во врска со реакциите што ги предизвика неговата синоќешна изјава во Клубот на пратениците.

Социјалните мрежи денеска окупирани со последната изјава на премиерот Заев. Коментари од новинарската фела не стивнуваат а со реакции се јавуваат и професори.

Новинарката Тамара Чаусидис преку Фејсбук ги поддржа новинарите, а под постот со коментар и возврати професорката Каролина Ристова Астеруд.

„Откако се уверив дека изјавата не е некоја смешна монтажа, а ми требаше време да поверувам дека е реално она што го слушам, можам да кажам дека сум поразена, длабоко, лично - поразена! Сакав да верувам дека демагогијата на тема „слобода на изразување“ е искрена заложба со која оваа гарнитура дојде на власт, ама за која ете се досега се немало време, се некои други приоритети се на маса, ама кај да е барем насоката е правилна, се оди на ослободување, на немешање. Сакајќи да верувам се трудев да ја замолчам или да не и обрнувам внимание на интуицијата, на сомнежите особено по катапултирањето на Боки 13 како медиумски магнат кој се шепури со селфија со цела влада, навистина се обидував, ама вечерашнава изјава за суетниот новинар покажа дека ништо не се сменило, дека се што сме зборувале, за што сме се бореле донесе на власт само друга група која внимаваше јавно да не ги декларира истите вредности истото сфаќање на новинарството како и претходната. Поривот на новинарот да му лепите лични етикети (суетен, платеник) е ништо друго освен обид да се оцрни преку етикетирање новинарската работа која не ви се допаѓа или ве загрозува. Дали некој е суетен, повеќе или помалку темпераментен, дали е нервозен или бавен во реакциите, дали е убав или грд нема никаква врска со неговата новинарска работа. Интегритетот и тестот за новинарот е неговиот - производ и само врз основа на него тој смее да биде оценуван, критикуван, фален или деградиран . А тоа секако е работа на публиката, а не е работа на политичарите, а уште помалку на власта. Згора неа тоа обидот да барате „мотиви“ зад неговото пишување - дека ја уривал владата веќе е ново дно, тоа веќе говори за сериозен демократски дефицит и потреба да се пресмета не со оние што поткупувале и изнесувале вреќи, пардон брентирани чанти, пари врз основа, меѓу другото, и на демонстрација на блискоста со премиерот, туку со оние кои за тоа говорат или со право поставуваат прашања. Поддршка за суетните новинари. И да, немате појма колку сме суетни!“ - напиша на Фејсбук Чаусидис.

Од друга страна пак професорката Каролина Ристова Астеруд коментира дека и политичарите имаат право да „трескаат“ за новинарите како што тоа е случај и со новинарите.

Власта не може да ја урне суетен новинар, туку премиер кој не ги гледа криминалците околу себе, пишува професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи. Таа ја коментира вчерашната изјава на премиерот:

„Многу малку веројатно е неколку криминалци, еден не баш добар новинар и човек со нехетросексуална ориентација да ја урнат владата.

Многу веројатно е владата да биде урната од сурија криминални јавни обвинители и судии, лошо избрани советници на премиерот, уште полошо избрани министри во владата и изјави на премиерот кои промовираат и поддржуваат стереотипи и предрасуди.

„Кој се препознал во говорот на Заев?

Гневот не е добар советник на умот. 
Но кога политичар се плаши да и се спротистави на медиумска кампања за негова политичка дискредитација, ризикува да го сметаат за слаб борец и за неспособен да се одбрани ниту самиот од неосновани напади и шпекулации.
Оттука се познати изјавите на политичари во стилот: "Престанете да кажувате лаги за мене бидејќи ќе почнам да ја кажувам вистината за вас"
Некои директно им велеле на новинарите:"Не ширете лаги и клевети за мене од кои ќе се засрами и вашата мајка"
ПР експертите во светот нагласуваат дека за еден политичар е многу важно да демонстрира вербална способност за одбрана од клевети и навреди и ако е можно работите и сторителите да ги нарече со вистинско име.
Тоа во услови на разгневеност е тешко да се постигне без да се изрече некоја навреда или погрден збор.
Но, се сеќавам во Белград за време на студентските демонстрации, 1968 имаше транспарент на кој пишуваше "Пи.ка је полов орган. А пиз.а је људски карактер" Со тој слоган студентите од факултетите што им се придружија на демонстрантите одеа пред факултетите кои се уште размислуваа дали да се вклучат и тие во демонстрациите и бојкотот на наставата. И имаше многу студентки меѓу нив.
Во оваа смисла ако некој денес напише "Геј е сексуална ориентација а пе.ер е човечки карактер" може помалку скандалозно да звучи изјавата на Заев. Кога ќе ти рече некој во колоквијалниот јазик "Ај не биди пе.ер, тој не мисли на твојата сексуална ориентација туку сака да каже не биди расипан и не уништувај некоја идеја која е добра.
Ваков вид на разлики во значењето на некои зборови кои се сметаат за синоними сме сретнале и во други прилики. Некои се сеќаават на духовитата изјава на пратеникот Фаик Абди кој пред избори на еден митинг меѓу Ромите рече."Браќа Роми ај да не бидиме Цигани" повикувајќи ги да не прифаќаат поткуп за гласање.
Но, кај нас веќе се е страшно сериозно, скандалозно и застрашувачко. Морализатори колку сакаш.
А никој по име не е споменат во изјавата на Заев. Толку ли бргу се препознале?“

Фејсбук статус Ѓорѓи Спасов


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите