ФОКУС НА ДЕНОТ: Челични квоти, седумчасовен работен ден, тужба за клевета
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2019
И во следните три години остануваат квотите за извоз на челик и алумуниум во Европската унија. Ова станува јасно од последната одлука на ЕК а таа ќе почне да се применува од следниот месец.
Да се воведе седумчасовен работен ден а 2 Јануари и 2 Мај повторно да бидат неработни денови ќе побара Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани .
Преку инцијатива до Владата тие ќе побараат да се воведат погореспомнатите работи а деталите читајте ги овде.
Вице Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ за навреда и клевета за изјава дадена на гостување во „Отворено студио“ на „1ТВ“ на 24 октомври лани. Тој бара отштета од 30.000 денари (500 евра).