19 Април, 2024
0.0288

ФОКУС НА ДЕНОТ: Дадилката која тепаше дете доби притвор, Борисов бара да запре антибугарската реторика

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Полицијата ја пронајде жената која удри дете во игротека во Аеродром.

Се работи за негувателка која требала да го чува детето.

Лицето е приведено, по што е известен јавен обвинител, а жената доби 30 дена притвор. 

Околу 15:57 часот А.М.,  сопственик на  угостителски објект пријавил  дека утрово околу 11 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како непознато женско лице физички малтретира дете.

Управата за јавни приходи во денешното соопштение што го изнесе во јавност им порача на граѓаните кои учествуваат во проектот „Мој ДДВ“ и скенираат сметки за поврат на средства од данокот да проверат во нивните апликации дали им се внесени трансакциските сметки бидејќи исплатата за првите три месеци следува во декември.

Антибугарската реторика која тие ја користат треба да ја заборават и да сфатат дека е погрешна, вели бугарскиот премиер Бојко Борисов кој во Загреб се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојко Борисов. 

„Доколку некој од нив каже дека Бугарија е фашистички окупатор, тогаш нема да добијат помош од нас, затоа што не сме окупатори, а историјата нема да се менува. Никогаш нема да дозволам на Бугарија да и лепат таква етикета“, истакна Борисов за Спутник.

Тој апелираше до Македонија да се откаже од антибугарската реторика, доколку сака да влезе во ЕУ.

Вработена во АРМ пријавија дека војник се обидел да ја силува во касарната во Куманово.

Завчера, во 19.20 часот, во кумановската полиција вработена во АРМ пријавила дека претходниот ден околу 13 часот во касарната „Боро Менков“ колега се обидел да изврши обљуба над неа. 

Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување, се вели во реакција на Министерството за одбрана

ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме контруктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување  помеѓу двете земји, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање по објавеното видео од вчерашната средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршиле вонреден надзор во истражниот затвор во Шуто Оризари за да проверат во какви услови се лекува и прегледува Бојан Јовановски, кој е во притвор како обвинет во случајот „Рекет“. Инспекторите информираат дека не се констатирани недостатоци од она што е во рамките на нивните надлежности.

Во државата вчера имаше регистрирано 6.252 слободни работни места. Овој податок стоеше на веб страницата на Агенцијата за вработување.

Секоја компанија која сака да расте мора да вложува во истражување и развој, без оглед на нејзината големина, и да најде начин како средствата кои се вложени во иновации да создадат нови извори на приходи и поврат на самата инвестиција, порачува Џон Калиан, директорот на Т-Лабс на Дојче Телеком во Берлин

Кавадарчани се велемајстори за серенади и за правење вино и ракија. Но многу ги бива и за правење пари и тоа големи пари. Кавадарци има седуммина величествени – компании кои лани имале приходи кои надминуваат 340 милиони евра.

Компании за производство на вода и пијалоци, текстил, услуги, прехранбени и фирми за кетеринг, за мебел, но и многу физички лица, годинава зеле државни пари од Фондот за иновации и технолошки развој

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?