18 Април, 2024
0.0257

ФОКУС НА ДЕНОТ: Договор за СЈО нема, реисот на ИВЗ се заканувал

Објавено во: Македонија 22 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Договор за Законот за СЈО не е постигнат меѓу власта и опозицијата. Барањата на ВМРО-ДПМНЕ не се прифатени.

Министерката за правда Рената Дескоска вели дека пропаднал уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на обвинетите за упадот во Собранието на 27-ми април. Таа вели дека не ги интересирал воопшто Законот за јавното обвинителство, туку дека цело време работеле на амнестијата.

ВМРО-ДПМНЕ вчера испорачаа три услови за да го поддржат Законот за јавно обвинителство – државниот јавен обвинител да биде на предлог на опозицијата, СЈО да работи како дел од ОЈО, односно како одделение на Обвинителството, и да се формира анкетна комисија за финансиската работа на СЈО.

Владата на Македонија размислува да го пријави Реисот Сулејман Реџепи од Исламската верска заедница за закани откако овој преку писмо побарал да се вратат имоти на заедницата одземени од државата или во спротивно, како што се вели во писмото, „ќе се нарушат односите во општеството затоа што се фаворизира Македонската православна црква“. Од Владата го објавија ова писмо во јавноста добиено на 12 март, а објави и свое во кое се истакнува декатаквиот допис од Реисот претставува неприфатлив облик на обраќање кон државните институции, кој е вид на уцена и закана, поради што сериозно се размислува за овој чин да се извести надлежното јавно обвинителство.

Екс премиерот Никола Груевски кој се наоѓа во бегство и ужива политички азил во Будимпешта ќе одговара еден ден.

Ова го тврди министерот Оливер Спасовски кој вели дека кога-тогаш Груевски ќе биде вратен во земјава и ќе понесе одговорност за сите злодела.

Обвинителката Вилма Рускоска во емисијата Клик Плус на ТВ21 изјави дека Абдулфета Алими, кој е осуден на 7 години затвор не го спасил пратеникот, Зијадин Села како што тврди тој, туку тоа го сторил еден од демонстрантите.

„Абдулфета да си ја вршеше работата и задачата која му беше дадена тој ден немаше да треба никого да спасува. Зијадин Села го има спасено еден од демонстрантите, кој рекол видовте дека го утепавме човекот дај да го тргнеме на страна, и да го однесеме во ресторанот во Собранието, Клуб на пратеници, дури тогаш доаѓа Алими и тогаш веќе му помага на Тони, и успеваат преку прозорот од кујната на бифето, по пожарните скали двајцата да го качат. И самиот Фета кога даваше изјава кај мене изјави дека Тони чекал и додека траела операцијата на Села“, вели таа

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари