20 Април, 2024
0.0315

ФОКУС НА ДЕНОТ: Една година од Договорот од Преспа - каде е сега Македонија?

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Поделени се мислењата за тоа каде е нашата земја една година по потпишување на Договорот од Преспа. 

Во земјава се спроведоа уставни измени, а согласно Договорот Грција прва го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, што досега го сторија 17 земји-членки и се очекува до крајот на годинава или на почетокот на следната и официјално земјава да стане дел од Алијансата. За преговорите со ЕУ очекувањата беа дека ќе добиеме зелено светло овој месец, но по најавата дека германскиот Бундестаг за последниот извештај на ЕК ќе расправа во септември, сега очекувањата за датум се поместија за наесен.

Договорот има голема поддршка од меѓународната заедница, која го оценува како своевиден пример за решавање спорови, во регионот, но и во светски рамки, а поради него Северна Македонија во последниот извештај на Европската комисија беше наречена светол пример во регионот.

Поранешниот грчки шеф на дипломатијата и неговиот македонски колега со твитови се огласија по повод една година од Преспанскиот договор. 

Eкс грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, на својот Твитер-профил објави заедничка фотографија со македонскиот министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по повод една година од потпишувањето на Преспанскиот договор.

„Една година, мој пријателе Никола Димитров“, пишува Коѕијас во рамки на објавената фотографија.

„Направивме историја мислејќи на иднината мој пријателе“, напиша неговиот македонски колега. 

Oд Левица велат дека измина една година од потпишувањето на таканаречениот Преспански договор, со кој владејачките елити од двете страни на државата, поддржани од европските бирократи, директно го прекршиле цивилизациското право на самоопределување на македонскиот народ. 

Додаваат дека после една измината година од оваа историска неправда, суштинските проблеми на нашата држава, како сиромаштијата, класната раслоеност, деградирана животна средина и криминалот не се решени, туку се продлабочени од новата коалиција на власт.

„Овој договор е олицетворение на шовинизмот, заканите и уцените на посилна држава поддржана од НАТО-силите, за што сведочи и денешната вежба на стратешката точка Криволак, каде за прв пат парадира и маршира војска на туѓа држава. Самиот начин на кој беше извршена промената на името, преку амнестии за тешки криминали, погазување на народната волја и ослободување на криминалци и затвореници, е јасен доказ дека новото нелегитимно име не е прифатено од обичните граѓани на Република Македонија и не може да биде никаков гарант за просперитет или помирување. Помирување и солидарност помеѓу народите се гради единствено преку почитување на националното право на самоопределување на секој народ и соработка на работничката класа, а не преку договори склучени од криминалните елити поддржани од империјалистички пакт кој го репродуцира национал-шовинизмот. Преспанскиот договор беше донесен заради интересите на домашните и странските моќници кои ја уништија социјалната држава и воспоставија владеење на олигархијата и криминалот – и како таков мора да биде поништен“, стои во соопштението од Левица. 

Северна Македонија ќе стане членка на НАТО, а денеска покажавме дека тоа го заслужуваме, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска по денешната показна вежба на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар“.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан