29 Март, 2024
0.0271

ФОКУС НА ДЕНОТ: Франција налага построги услови за ЕУ, се трага по поранешниот телохранител на Мијалков

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Францускиот нон пејпер за преговорите предвидува построги услови, постепено пристапување и реверзибилност.

Нон пејперот веќе се разгледува и во македонските институции. 

Барањата на Франција за реформи во Европската Унија стигнаа до сите земји-членки. 

На разгледување ќе биде ставена и методологијата за отварањето на поглавја со земјите-кандидатки за влез во Унијата. Новата методологија треба да биде објавена во јануари идната година, каде се очекуваат нови, строги правила.

Францускиот претседател, Емануел Макрон за пристапувањето на земјите-кандидатки предвидува четири принципи, построги услови, постепено пристапување, материјални придобивки и реверзибилност на процесот.

Драганчо Стоименов, поранешен телохранител на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, избегал од домашен притвор.

Полицијата го известила Судот дека притворениот не ја почитува мерката, по што по наредба на Судот се преземаат мерки лицето да се пронајде.

Стоименов на почетокот на годинава учествуваше во престрелка пред кафеана во Кочани, при што рани човек

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски  со новата методологија од почетокот на преговорите до целосното членство би биле потребни околу 10-15 години. Тој на Фејсбук го коментира таканаречениот нон-пејпер изготвен од Франција

Македонец  на возраст од 38 години со шлепер се преврте во Србија. 

На автопатот Алексинац - Ниш, во правец кон Белград, се преврте шлепер со македонски таблички.

Сообраќајката се случила утрово околу 8 часот и 30 минути  кај селото Катун. Засега не е позната причината поради која шлеперот се превртел.

Од челичарницата Макстил го потврдија инцидентот што денеска во раните утрински часови се случи во производниот погон.

„Утринава во 6:50 часот во погонот Челичарница на Макстил при редовни производни активности, поради откажување на дел од опремата на една од дигалките, дојдено е до прскање на течен челик надвор од казанот. При тоа се повредени четворица вработени кои се соодветно медицински згрижени. Тројца се полесно повредени и се пуштени дома, додека четвртиот е задржан на дополнителни испитувања и е под лекарски надзор. Извршен е увид од страна на службата за безбедност и заштита при работа на Макстил и надлежните државни органи и се работи на утврдување на причините,„соопштуваат од Макстил.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење