18 Април, 2024
0.0268

ФОКУС НА ДЕНОТ: Ѓорчев се кандидира за претседател, Грците расправаат за договорот, македонска општина без ниеден лекар

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеникот Влатко Ѓорчев е првиот кандидат што ќе се пријави на огласот на ВМРО-ДПМНЕ да биде претседател на државата на претседателските избори.

Тој  изминатиот период редовно беше присутен на јавни настани и посетуваше места од внатрешноста на земјата и интензивно ги критикуваше политиките на власта.

Соседната земја да не постоеше, ќе требаше да ја измислиме, изјави пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос кој е со непроменет став во однос на Договорот од Преспа. 

„Се смеат во Европа. Ви го кажувам тоа директно. Дали ПЈРМ е закана за Грција? Се смеат тие што го слушаат. Земја која, речиси нема војска и има 7 отсто од грчкиот БДП. Нејзината поделба ја сакаат за Голема Албанија и Голема Турција. Моето мислење е и да не постоеше ПЈРМ ќе требаше да ја измислиме“, изјави Папахристопулос.

Тој индиректно, во неговиот говор во грчкиот Парламент, потврди дека ќе гласа за ратификацијата.

Портпаролот на македонската Влада, Миле Бошњаковски, претпладнево на прес-конференција на новинарско прашање демантираше дека постои криза во односите на СДСМ и ДУИ. 

Реакцијата на владиниот гласноговорник следува откако СДСМ го испрати Законот за употреба на јазиците на мислење до Венецијанската комисија, а вицепремиерот Бујар Османи претходно свика координативно тело за негова побрза имплементација само со министри од редовите на ДУИ.

По објавувањето на веста дека македонската лекарка, Дивна Војновска како единствен кандидат е вработена како лекар на хрватскиот остров Хвар, за таму локалните жители да не мора да патуваат по 40-тина километри за преглед, тажната приказна во Македонија продолжува затоа што во Општина Чашка нема ниту матичен лекар.

Локалната самоуправа дополнително нуди бесплатен простор и платени комуналии и огрев само да им дојде лекар кој со својата работа ќе опфати илјада жители на селата Теово, Согле, Богомила и неколку други, а тие да не мора да патуваат десетици километри до Скопје или Велес.Овие населени места веќе десет години се оставени без постојана лекарска грижа.

Горан Стојановски, градоначалникот на општина Чашка, покрај бесплатниот простор за 24 Вести вели дека се размислува и за дополнителни стимулации, а исто и од министерството за здравство биле запознаени со проблемот.

Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат