24 Април, 2024
0.0282

ФОКУС НА ДЕНОТ: Хан ја пофали Македонија, Ципрас го предизвикал Груевски

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Уверен сум дека годинава, пред летото Македонија ќе добие датум за преговори со Европската Унија, рече денеска во Виена еврокомесарот Јоханес Хан. Тој вели дека очекува до крајот на годинава Македонија да отвори две поглавја од преговарачкиот процес.

„Станува збор за поглавјата 23 и 24 и јас се надевам дека тоа ќе се случи. Работиме напорно да дадеме зелено светло за почеток на преговорите“ , рече Хан и додаде дека Македонија е единствена земја од Западен Балкан која нема билатерален конфликт со некоја земја од соседите.

Хан зборуваше на Виенскиот економски форум на кој во Виена присуствуваат премиерот Зоран Заев.

Следната недела Европската комисија ќе го објави Извештајот за состојбите во земјата и мислам дека тој ќе го одразува огромниот напредок што беше постигнат во државата изминатата година. Јас сум убеден дека извештајот ќе препорача отворање преговори со Република Северна Македонија, рече денеска евроамабасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на прашањето на МИА дали земјава ќе добие позитивен извештај и датум за преговори.

Евроамабасадорот, како што пренесе МИА, рекол дека одлуката за отворање на преговорите ја носат земјите членки на ЕУ врз основа на извештајот на ЕК.

Австриска компанија за медицинска опрема сака да отвори фабрика во Македонија, објави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој е во Виена на Виенски економски форум. Тој сепак рече дека и покрај повеќето средби, нема договорена зделка.

„Имавме средби со повеќе компании. Инвестициска одлука не се носи по само една средба. Дел од средбите се продолжение на веќе започнати разговори. Има една компанија инвеститор која произведува медицинска опрема, а која сака да отвори фабрика во нашата држава. Станува збор за компанија која произведува потрошен материјал за хируршки сали и е еден од најголемите снабдувачи во Југоисточна Европа. Со нив разговаравме, и се при крај со носењето одлука да инвестираат во нашата земја, рече Анѓушев.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во своето денешно интервју за „Фајненшел тајмс“ вели дека го предизвикувал и поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, да седнат на маса и да се договорот за спорот со името, но дека тој одбивал каква било средба.

Ципрас ова го илустрира преку откривање на неговиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

"Груевски беше човек кој никогаш не сакаше да преговара. Се сеќавам бев во Берлин и се сретнав со Меркел. Долго време зборувавме за финансиската криза, долгот, дефицитите, меморандумите и надворешната политика. Сакам да го решам овој проблем дури и со Груевски, и реков. Ќе го предизвикам, барајќи од него да седне на маса и ќе знае дека ќе биде обвинет дека не сака решение доколку не го стори тоа“, наведе Ципрас.

Можеби ќе ве интересира

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот

Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ - 360 степени објави видео

Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ - 360 степени објави видео

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЛАВИ: Поддржувачите во Гази Баба скандираа и палеа бакљи

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЛАВИ: Поддржувачите во Гази Баба скандираа и палеа бакљи

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски