20 Април, 2024
0.0292

ФОКУС НА ДЕНОТ: Хумани граѓани ќе помогнат на Јованови, договор за Законот за ЈО уште нема

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Семејството Јованови од Велес кое живее во беда и мизерни услови а за кое пошироката јавноста ја дозна сурвовата реалност преку сторијата на Телевизија24, се приматели на социјална помош која изнесува 11 600 денари.

Ова денеска го соопштуваат од Центарот за социјални работи во Велес од каде посочуваат дека и се работи на подобрување на условите за живот на ова семејство.

Јордан Јованов живее со сопствената мајка која веќе 15 години е и негов единствен пријател и другар . За неа мора и да се грижи а токму тоа го спречува да бара работа.

Во посета на семејството кое живее без огрев во трошна куќа, во услови под секое човечко достоинство била и техничката министерка Рашела Мизрахи.

Европската унија се подготвува за мониторинг на судските процеси кои ја опфаќаат високата корупција и организираниот криминал во Македонија, што ќе помогне во подготовката за спроведување на најавуваниот ветинг во правосудството, подобрувањето на правдата и враќањето на довербата кај граѓаните, објави „360 Степени“.

„ ЕУ односно ЕК реши да го финансира проектот кој ќе почне годинава и ќе трае околу 3 години. Проектот за целиот регион ќе чини 6 милиони евра. ОБСЕ ќе го имплементира, разговараме со ОБСЕ зашто тие имаат искуство во набљудувањето судски случаи, што значи дека ОБСЕ ќе биде партнерот што ќе го врши мониторингот“, вели евроамбасадорот во Скопје, Самуел Жбогар.

Oд ВМРО- ДПМНЕ ќе излезат со нови предлози и забелешки кои ги изработуваат стручните тимови за Законот за ЈО. 

Вака е договорено по денешната средба на претставниците на СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ, Бојан Маричиќ и Тимко Муцунски. 

„Камен на сопнување за ВМРО- ДПМНЕ, продолжува да биде неизбалансираното решение со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое е подложно на политички злоупотреби, но на средбата станало збор за можните решенија и одглавување на дијалогот. Најавени се предлози и забелешки од ВМРО ДПМНЕ кои ги изработуваат стручни тимови“, информираат по средбата. 

Се очекува во наредните денови да се договори и средба на работните групи.

Државната изборна комисија повторно се прогласи за ненадлежна на барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за толкување на членот 46 од Законот за Влада и неговите надлежности. 

Членовите на ДИК се декларираат како неовластени да даваат мислења и оценки за законитоста на законите и наведоа дека тоа може да го даде само собраниската Законодавно – правна комисија.

Коста Начевски е именуван за в.д.директор на градската депонија „Дрисла“ која од вчера повторно е регистрирана како јавно претпријатие и е под владение на Град Скопје.

Начевски е поранешен кандидат за градоначалник на Бутел од редовите на СДСМ а доаѓа на местото на Горан Ангелов, кој денеска е разрешен како директор на депонијата што беше под концесија на приватниот оператор ФЦЛ Амбиенте.

Приватниот инвеститор под водство на Доменико Ферацоли заедно со Ангелов повеќе не управуваат со „Дрисла“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно се заканува дека доколку судот не ја истражи одлучно аферата „Рекет“, тие ќе ги објават во јавноста своите сознанија што ги имаат за овој случај.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во утринското гостување на Алфа телевизија, нагласи дека ако судот не ја заврши својата работа околу случајот со СЈО и „Рекет“, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе објави нови сознанија за тој случај.

Речиси и да нема да помине ден во кој некој од граѓаните на главниот град не е каснат од куче скитник.

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно регистрира случаи во кои граѓаните, во локалните полициски станици пријавуваат дека биле каснати од куче скитник. Вчера каснување имало дури и од куче кое било водено на синџир, што значи дека станува збор за домашен миленик.

Климатските промени ќе имаат негативни последици по пчелите, но нема да ги уништат, туку ќе ја осиромашат трпезата, затоа што единствено пчелата во природата врши опрашување на многу билки, тврди пчеларот Бранко Тасевски од кумановско, кој пет децении се занимава со одгледување на пчели.

„Видое Смилевски Бато“ во Тетово е првиот булевар реконструиран и рехабилитиран од ЈП Државни патишта и „Македонија пат“ со државни ресурси ставени на располагање. Ваква „привилегирана“ државна помош добива Општина Тетово, како една од најзадолжените локални самоуправи во Македонија.

Оваа недела дечињата од сите основни училишта на територијата на општина Аеродром нема да имаат топол оброк. 

Родителите на учениците во сите седум основни училишта вчера биле известени дека овие четири дена децата нема да добиваат топол оброк, па биле советувани или да ги земаат порано од училиште, или да им испратат нешто за јадење.

Каде е закочена потпишувањето на спогодбатата меѓу „Макпетрол“ и Владата за откуп на акциите во ГА-МА? Зошто процесот не се помести и покрај тоа што двете страни успешно ја завршија медијацијата за што веќе беше известено

Со безбедност на највисоко ниво и во насока на климатските промени и нивното во иднина финансиско влијание врз нашиот живот започна првиот ден на Давос.

Хотелот Интерконтинентал беше главното место поради настанот на магазинот „Time“ за 100 највлијателни луѓе во светот. Претседателот Трамп и неговиот тим се исто така сместени во Интерконтинентал, а во лобито може да се забележат членови од неговиот најблизок тим.

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд