25 Април, 2024
0.0342

ФОКУС НА ДЕНОТ: Jанкулоска сведочеше за „Монструм“, голема акција има во Крушопек

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска како сведок во случајот „Монструм“ истакна дека веста за грозоморното убиство кај Смилковското езеро ја добила од тогашниот шеф на поранешната скопска единица за брзи интервенции „Алфа“ - Ивица Анчевски Пуки. Наведе дека за петкратното убиство, кое се уште го чека расплетот, дознала дента од Дежурниот оперативен центар и добила СМС порака со краток опис за пријавениот случај.

– Набрзо добив повик од Ивица Анчевски, тогашен шеф на „Алфите“ кој исто така ме извести за случајот. Побарав од него веднаш да замине на местото на настанот, а со тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски направивме голем напор сите што се на располагање веднаш да дојдат на работа. Го барав и тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и началници на други служби. Формиравме оперативен штаб кој ги координираше активностите. Овој штаб работеше сѐ до поднесување на кривичната пријава против лицата – сведочеше Јанкулоска.

Поранешниот пратеник Антонио Милошоски ги достави снимените материјали од неименуван укажувач до Обвинителството за организиран криминал и корупција, за кои тврди дека во него е гласот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Според поранешниот министер за надворешни работи, Заев искажувал тенденции да му се помогне на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во работењето на „Меѓународниот сојуз“.

Во МВР има проблем со изработката на пасошите и другите лични документи поради новото уставно име, тврдо Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, независно од тоа што „Веридос“ треба да и испорача на Македонија 100.000 обрасци за патни исправи на крајот од март.

ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа укинување на концептот „техничка влада“ во иднина и покрај мислењето на некои експерти и во одреднеи политички кругови дека таа треба да се укине бидејќи ја губи својата смисла и функционалност во 100-те дена пред одржувањето на секои парламентарни избори.

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека наводните докази од ПИ-мерки со снимки од негови средби со Зоран Милевски Чичеец, осуденик од случајот „Рекет“, се конструкција на дел од медиумите и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Полициската акција во селото Крушопек поради недозволена трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук. 

Тој објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности“.

„По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден“, напиша Чулев на Фејсбук.

Не само пасоши, во земјава недостигаат и обрасци за сообраќајни дозволи. 

Граѓани кои имале проблем со обезбедување на овие документи, за нашата редакција сведочат дека е многу тешко да се дојде до сообраќајна дозвола.

Недостигот на обрасци за пасоши е стрес за многу македонски работници кои си обезбедиле работа во странство и треба да заминат надвор од државата.

Новата 2020 година започна со надеж дека државата има капацитет да тргне напред и набрзо да бидеме интегрирани во европското семејство, каде што ни е местото.За кондиторските производители предизвик и понатаму ќе биде одржувањето на конкурентноста на производството во услови на зголемување на трошоците на работењето врз основа на зголемени цени на суровините од кои посебно шеќерот, растителните масла и масти и какаото како и трошоците за вработените водени од порастот на платите, вели во интервју за Фактор, Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес

Локални компании регистрирани за трговија на мало претежно со храна, тутун и пијалоци имаат маркети низ повеќе градови во земјава и се во рамноправна борба со големите малопродажни ланци „КАМ“, „Тинекс“, „Жито Маркети“, „Кипер“, „Кит Го“, „Веро“ и „Рамстор“. 

Домашната градежна компанија „Бетон“ го доби тендерот од Агенцијата за државни патишта за рехабилитација на државниот пат А2 од Куманово до Страцин за втората фаза

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг