18 Јануари, 2020
0.0182

ФОКУС НА ДЕНОТ: Камчев тврди дека „Империја“ е случај отворен за изнуда, Катица нема да добие апанажа

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2019

„Не се претставив како жртва, јас сум жртва. Има докази, со сите изнуди што беа правени од страна на оваа злосторничка група предводена од Јанева и Јовановски, судијка, адвокат и слично, кои подоцна ќе се докажат, ќе видите дека сум бил жртва. Не сум само јас, имало и други, но јас кажав во јавноста“. Вака пред новинарите зборуваше сведокот Орце Камчев за случајот Рекет.

Во мојот случај Рекет, нагласи Камчев, немало директно присуство ни на еден политичар, да имало ќе кажев. Во случаите со Меѓународен сојуз, ако се потврди, можеби ќе има инволвираност на некои луѓе што биле во власта, но во мојот случај немало. 

Прашан дали ја амнестираше Јанева денеска на некој начин, рече дека ја кажал само вистината. „Не лажам, кажав вистина, која беше болна за некого. Катица не ми нудеше спогодба, не можам за тоа да ја обвинам. Ми нудеше Бојан, а јас ја слушнав Јанева која со него на телефон разговарала за работа што е невозможна да се изведе. Паметен сум и сфатив дека е нивна игра, но таа не ми понудила спогодба“, нагласи Камчев

Во Собранието денеска е  одбиено барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева. 

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата  едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. 

На седницата беше констатирано од формално правен аспект дека не постојат причини за прифаќање на барањето, затоа што таа не е избрана од Собранието.

Mаксим Aцевски  е новиот државен ревизор. 

Ова е резултат на договор на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во собраниската комисија за избор и именувања. По две години конечно успеа да избере главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија.

Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија, кој во моментов има статус на азилант во унгарија, објави статус на Фејсбук во кој го обвинува македонскиот претседател Стево Пендаровски за неговото последно интервју за бугарската телевизија во која шефот на државата зборуваше за поголемо зближување на двете земји.

„Давајќи интервју за бугарската БГНЕС од оние парчиња кои се објавени како делови од интервјуто, склучениот договор за пријателство со Бугарија го престави како извлекување од изолација на Македонија од страна на Премиерот Бојко Борисов. Со овој договор да потсетам дека прифативме да се откажеме од македонското малцинство во Бугарија. Прифативме дека имаме сопствена историја само после 2 август 1944 година. Не добивме признавање на македонскиот јазик кој и понатаму со пријателскиот договор за пријателска Бугарија останува еден од дијалектите на Бугарскиот јазик а во официјалната комуникација продолжува да се нарекува “македонски” но со додавката “според Уставот на Македонија”. Прифативме со комисијата за ревизија на историјата дека (ова е прашање на време), фразата во договорот “заедничка историја” всушност ќе значи бугарска историја

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи пред денеска да го аргументира контроверзниот Законот за јазици пред Венецијанската комисија, која попладнево треба истиоот да го разгледа и потоа да даде свое мислење, објави дека постојат земји во светот кои практикуваат двојазнични банкноти и униформи на армијата.

Игор Стефановски Иџе, најдобриот македонски спортист во автомобилизам, вели дека Агенцијата за млади и спорт му ветила финансиска поддршка без која не може да се натпреварува во европскиот шампионат на ФИА , но наместо тоа парите му биле доделени на друг автомобилист.

„Гранит“ има една од своите најдобри деловни години, што не е случај за „Бетон“ чиј приход од продажба падна за 30 отсто, а оперативната добивка е намалена за 17 отсто

Двете најголеми градежни компании оваа година не се конкуренти. Бројките покажуваат дека „помалиот“ од големите , скопски „Бетон“ ќе може да биде презадоволен ако заврши како лани, а за разлика од него „Гранит“ има една од своите најуспешни години, барем гледано финансиски.

Производителите на храна, сендвичарниците и пекарите дополнително да го намалат количеството на акриламид во храната. Новиот Правилник кој го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство од нив бара да применуваат дополнителни мерки со што ќе произведат и ќе продаваат производи со најниско можно ниво од оваа супстаниција.

Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства како поврат на дел од ДДВ кај граѓаните кои скенираат фискални сметки. Повратот од 15 отсто од ДДВ на трансакциските сметки на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ се префрлаат на сметките на граѓаните за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември, соопшти УЈП.

Можеби ќе ве интересира

Профункционира граничниот премин Деве Баир

Профункционира граничниот премин Деве Баир

(ФОТО) ХАОС НА ДЕВЕ БАИР: Се чека повеќе од еден час за влез во Македонија

(ФОТО) ХАОС НА ДЕВЕ БАИР: Се чека повеќе од еден час за влез во Македонија

ФОКУС НА ДЕНОТ: Кривична за Трипуновски, притвор за Јакимовски, истрага за Македонец за увоз на отпад во Бугарија

ФОКУС НА ДЕНОТ: Кривична за Трипуновски, притвор за Јакимовски, истрага за Македонец за увоз на отпад во Бугарија

Eмил Јакимовски заврши во притвор

Eмил Јакимовски заврши во притвор

Фирма на Македонец внесувала сомнителен отпад од Италија во Бугарија

Фирма на Македонец внесувала сомнителен отпад од Италија во Бугарија

По ненајавената посета и снимање, Трипуновски ќе добие кривична

По ненајавената посета и снимање, Трипуновски ќе добие кривична

Во име на Игор Џамбазов преку лажен профил барале пари

Во име на Игор Џамбазов преку лажен профил барале пари

Ги скенираме, но фискалните сметки се канцерогени

Ги скенираме, но фискалните сметки се канцерогени

ВО ДАВОС ЗАМИНУВААТ ГРЕТА И ТРАМП: Ќе има ли македонски претставници на форумот?

ВО ДАВОС ЗАМИНУВААТ ГРЕТА И ТРАМП: Ќе има ли македонски претставници на форумот?