20 Април, 2024
0.0336

ФОКУС НА ДЕНОТ: Kамчева раскажа кој и барал пари за „Рекет“, се плашела од моќта на Јанева

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Што му зборувала Ана Камчева на нивните средби, за својот, како што рече, „сакан и ценет сопруг“, за својата свекрва, за сестрата на Камчев... Тоа беа дел од прашањата кои на судењето за Рекет Бојан Јовановски и ги постави на Ана Камчева, која е сведок во процесот. Според него, Камчева многу добро ја држи меморијата. 

На прашањето кога и по чие барање Јовановски дошол во домот на Камчеви, не доби одговор, па потоа се обиде со прашање околу „бугарските пријатели“ на Камчев прашувајќи ја неговата сопруга дали ги познава, како и дали ѝ е познато името Перивое. Таа му одговори негативно, но тој и одговори како не ги познава кога „се нивни куќни пријатели“.

Камчева рече дека отприлика два пати го посетила Јовановски во Систина, каде што ги правел двете операции за стеснување на желудникот.

„Се сеќавате ли дали и какви подароци ми дававте“, ја праша Боки 13 сведокот Камчева. Но на ова обвинителката Вилма Русковска реагираше со прашањето „Зарем милион и пол евра се мал подарок, па треба да се зборува и за дополнителни подароци?“ На ова Јовановски и одговори на Русковска дека „тие милион и пол евра се измислени во нејзината глава“.

По опомените од судијката, Јовановски се извини и рече дека е под дејство на седативи кои си го прават своето

Прво даде заклетва, а потоа одговараше на прашања на обвинителката Вилма Русковска. Сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, во судницата го повтори она што веќе го нагласи и Камчев.

И според неа, во случајот биле вмешани и обвинителката Лиле Стефанова, судијката на претходна постапка Весна Димишкова, како и нејзиниот брат адвокатот Васил Димишков.

Камчева за цело време пред неа имаше црвен тефтер, кој цело време стоеше пред неа додека сведочеше. А на тоа не реагираше никој од присутните

Премиерот на Холандија, Maрк Руте се залага за  раздвојување на пакетот со Албанија, вракајки се на основниот принцип на Унијата,  секоја земја кандидат да напредува согласно сопствените заслуги, пишува црногорскиот весник Побједа. 

„Не верувам дека Албанија во овој момент е подготвена да започне преговори со ЕУ, но што се однесува до Северна Македонија, таа е поблиску до целта“, вели холандскиот премиер Руте за  црногорскиот весник.

Премиерот Зоран Заев ќе оди во Софија во првите денови од новата 2020 година. Иако од 2 јануари веќе нема да е претседател на Владата, затоа што ќе се формира техничка Влада пред изборите, Заев со бугарскиот премиер Бојко Борисов планира да разговара за развојот на разговорите на мешовитата македонско– бугарска комисија за историски и образовни прашања. На крајот на ноември на состанокот во Бугарија членовите на оваа комисија од двете страни не успеаја да ги усогласат ставовите околу клучните прашања – за Гоце Делчев, но и за средновековната историја во учебниците.

Дане Талески, кој сега ја врши функцијата национален координатор за НАТО, и е советник на премиерот Зоран Заев за надворешна политика, ќе биде новиот прв амбасадор на Северна Македонија во НАТО, брифираат од Владата.

Дане Талески ќе биде избран на новата функција  во четврток на владина седница.

Според информациите, решението Талески да биде амбасадор на земјава во НАТО е усогласено и со претседателот на државата, Стево Пендаровски

Менаџерот на Далвина, Дени Стојчев почина на само 32 годишна возраст.

Дени неколку години беше менаџер на Далвина, а секој кој го познаваше знае дека беше најпозитивното и најнасмеано момче во Струмица.

Знаете ли дека еден човек од Куманово преку четири фирми во кои директно или индиректно е сопственик (и) или менаџер лани направи приход што надминува 100 милиони евра? Еве доказ дека во Македонија и не е се така црно, лошо, корумпирано, неспособно и партиски зависно... Има и такви кои имаат визија, знаење, енергија и вештини да водат фирми кои прават големи пари за наши услови.

Граѓаните го паметат како добар, чесен и хуман градоначалник на главниот град Скопје. Но, го препознаваат и како долгогодишен бизнисмен, кој заедно со своето семејство инвестираше и работи во неколку дејности, од кои, секако, банкарството и осигурувањето се најактуелни. Во интервју за Фактор Трифун Костовски сосема искрено зборува за предизвиците со кои во последниов период се соочи неговата Еуростандард банка, за неуспешните разговори за нејзина продажба на Комерцијална банка, но и за докапитализацијата и промената на менаџментот на банката, од кои се очекува во следниот период да резултираат со воспоставување на стабилна и профитабилна банка

Македонија за прв пат во својата унитарна историја со одлука на Владата ќе се задолжи кај домашните комерцијални банки за околу 135 милиони евра, односно 8.172.500.000 денари кај шест кредитори за да врати заем чиј рок истекува на почетокот од следната година.

Што претставува финтек? И покрај големата фама, зборот финтек е едноставно комбинација на зборовите финансии и технологија. Всушност финтек претставува користење на технологии со цел овозможување на финансиски услуги за потрошувачите. Оттука, неговата примена може да биде во банкарството, осигурувањето, инвестициските фондови, односно во се што е поврзано со финансиите.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан