28 Март, 2024
0.0267

ФОКУС НА ДЕНОТ: Kaтица Јанева не знае дали ќе биде осомничена, платите пораснале се пофали и Заев

Објавено во: Македонија 20 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева по скоро пет часа распит, излезе од Обвинителството и неколку минути одговори на неколку прашања на новинарите кои со часови ја чекаа пред ОЈО.

Јанева пред медиумите рече дека била во обвинителството во својтсво на сведок  и дека тоа што зела со себе правен консултант било нејзино право.

„Мора да бидете трпеливи, ќе се гледаме уште“, рече Јанева и додаде дека не знае дали ќе се прошири истрагата.

„Истрага е оваа, во истрага не се споделуваат информации“, рече обвинителката и додаде дека се уште се работи на случајот и очекува дека ќе има судење. 

Одговарајќи на новинарско прашање за нејзините телефони, таа рече дека и двата телефони и се одземени и се на анализа во обвинителството, форматираниот и подарен мобилен бил трет.

„Јас сум сеуште специјален јавен обвинител во Република Македонија, моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд, се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен“, оваа го изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред да влезе во Основното јавно обвинителство на распит.

Просечната месечна исплатена бруто-плата во јуни 2019 година, изнесувала 37 440 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата била 25.205 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на јуни 2018 година, изнесува 105.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (13.6 %), Транспорт и складирање (11.9 %) и Градежништво (6.6 %).

Премиерот Зоран Заев е задоволен затоа што  просечната плата во земјата расте, како што објави Државниот завод за статистика. 

Просечната плата продолжува да расте, мерките на Владата ги даваат своите резултати, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

„Покрај зголемувањето на платите, парите ги насочуваме кон граѓаните преку субвенции, поврат на данок, намалување на данокот за парно греење и финансиска поддршка за отворање на нови фирми. Граѓаните добиваат повеќе слободни средства за подобар живот“, напиша тој.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант