28 Март, 2024
0.0273

ФОКУС НА ДЕНОТ: Кичеец доби три години затвор, Русковска задоволна

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Три години затворска казна доби Зоран Милевски – Кичеец, обвинет во случајот „Рекет“ за примање награда.

Зоран Милевски Кичеец вчера призна вина а денеска ја слушна и пресудата за судскиот процес „Рекет“ . По неговото признание доказите кои се однесуваа на него се издвојуваат од предметот и не се изведуваат пред судот.

Судот одлучи да остане во домашен притвор откако претходно ги сослуша аргументите на обвинителствотo и одбраната.

„Мислам дека е добра изречената санкција, но кога ќе ја примам пресудата ќе одлучам дали ќе вложам жалба за пресудата“, рече денеска обвинителката Вилчма Рускоска по изрекувањето на пресудата од три години затвор за Зоран Милевски Кичеец.

Таа не очекувала поголема казна.

„Не очекував искрено, бидејќи е голем распонот од 1 до 10 години, досега не е осудуван, и најмногу затоа што призна вина“, нагласи обвинителката

Законодавно – правна комисија на денешната седница во Собранието заклучи дека нема потреба од давање автентично толкување за член што не постои, односно на членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година. Инаку, единствена точка на дневниот ред беше барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велков од СДСМ.

Премиерот Зоран Заев денеска учествуваше на Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, по повод 70 годишнината на Алијансата и во своето обраќање, како 30-ти говорник, истакна дека настанот ја потврдува заедничката посветеност на сојузниците за обезбедување мир, стабилност и просперитет во целата евро-атлантска област, што беше поздравено со аплауз од лидерите на алијансата

Во бројните фотографии кои ги сподели премиерот Зоран Заев од неговото присуство во Лондон, на Самитот со кој НАТО одбележува седумдесетгодишнина од своето постоење, е и онаа како му подарува вино на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Колкав бизнис потенцијал има Штип доволно говори фактот што во овој град лани осум компании имаат приходи поголеми од 10 милиони евра, а најголемата компанија е домашно поседувана, а не како што најчесто е случај најголемата фирма да биде една од странските гринфилд инвестиции Кумулативно осумте најголеми компании во Штип лани имаат комулативно приход од 190 милиони евра!

Македонија од секогаш, за жал и денес, како и други балкански држави е симбол на печалба, на луѓе кој што својата иднина сакаат да ја живеат во странство. Секој регион во Македонија веќе стандардно се знае каде се иселува – југот ја сака Австралија, западниот дел ја сака Швајцарија и Германија, а источниот дел најмногу ја сака Италија.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“