18 Април, 2024
0.0283

ФОКУС НА ДЕНОТ: Кичеец призна вина, Јанева и Боки 13 ќе докажуваат дека се невини

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Признание за примање награда за противзаконско влијание денеска пред судот даде Зоран Милески Кичеец.

Тој како трет осомничен призна вина во случајот Рекет додека Катица Јанева и Бојан Јовановски не го сторија истото иако кажаа дека го разбрале обвинението.

Ова е прво рочиште за случајот за кој обвинение е покренато на 10 октомври.

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева очекува ослободителна пресуда. За случајот во кој се гони вели дека е дело на јавната обвинителка,  денеска не призна никаква вина истакнувајќи дека ОЈО нема докази против неа.

„Очекувам судот да донесе ослободителна пресуда за дело што е инструирано од јавната обвинителка и се надевам дека не се плашите од нејзините закани за „тресење од гаќи“, рече Јанева додавајќи дека во изминатите четири години се изложила лично, како и нејзиното семејство на голем ризик и се уште оди гордо и со крената глава. 

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчковска, кажа дека одбраната ќе докаже дека Јанева е невина и неосновано обвинета, злоупотребена со нечесни игри.

„Имаше еден филм, Чарлиевите ангели, и имаше една госпоѓа, Катица Јанева, која влезе во тој филм, мислејќи дека никој ништо не и може. Но, влезе во мрежата на самонаречената естрадна звезда Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Обвинителството ќе докаже дека тоа го правела од алчност и ние за тоа ќе презентира несоборливи докази. Со тоа не само што се посрамоти, и не само што ја злоупотреби функцијата специјален обвинител, туку и ја изневери довербата на и на граѓаните на Македонија. Ова го рече обвинителката Вилма Русковска за случајот Рекет по излегување од судница.

Таа е задоволна од првото рочиште, особено што воопшто почна. 

Според Рускоска, не е точно дека одела по ресторани со Боки 13.

Македонија се најде на дното на табелата на глобалниот ПИСА ранкинг на учениците ширум светот во кој се анализирани знаењата по математика, наука и читање. Според резултатите кои денеска ги објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) подобри постигнувања од нашите средношколци имаат тие од Србија, Албанија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина.

Во Западна Македонија, викендов можеа да се забележат голем број автомобили со албански регистарски ознаки, затоа што граѓаните од соседна Албанија бараат прибежиште во нашата земја додека да се смири тлото.

Прво на прием во Бакингемската палата кај кралицата Елизабета, а потоа и на вечера со британскиот премиер Борис Џонсон. Премиерот Зоран Заев ќе седи рамо до рамо со лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот во Лондон, на кој ќе се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата.

Три странски гринфилд инвестиции претежно извозно ориентирани и седум домашно поседувани компании кои произведуваат месо, храна, машини и уреди и се занимаваат со трговија се столбот на велешката економија која имаше страшно премрежие во транзицијата во која имаше многу хорор приказни, но од која се изнедрија неколку успешни компании

Речиси 206 милиони евра се одлеале од Македонија надвор во странство на име дивиденди, за деветте месеци годинава. Податоците од Народната банка за платниот биланс покажуваат дека по овој основ најголема сума излегла во месец септември, или последниот месец од третиот квартал кога како дивиденди надвор исплатени се 67,5 милиони евра

Можеби ќе ве интересира

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра