ФОКУС НА ДЕНОТ: Ќе има ли победник во вториот круг?
Објавено во: Македонија 22 Април, 2019
За претседател се избира кандидатот што добил мнозинство гласови од избирачите што гласале доколку гласале повеќе од 40 отсто од избирачите. Ова е правилото за исполнет цензус напишан во Уставот на државата.
Според сегашното решение во Уставот, за да биде избран претседател во првиот круг од изборите, неопходно е за него да гласаат мнозинство од вкупно запишаните 1.808.131 избирачи, односно најмалку 904.066 граѓани со право на глас. По вчерашното гласање јасно е дека тоа не е исполнето. Излезноста на вчерашните избори инаку беше 41,82 отсто.
https://www.faktor.mk/kolku-treba-da-glasaat-za-uspeshni-izbori-i-shto-ako-nema-cenzusПродолжува теренска вакцинација низ училиштата, медицински персонал ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против ситни сипаници. Оваа одлука ја донесе минатата недела Министерот за образование Арбер Адеми, по само три дена од прогласувањето на Епидемија на морбили на целата територија на Македонија.
https://www.faktor.mk/epidemijata-na-morbili-ne-stivnuva
Митко Чавков, екс-директорот на Бирото за јавна безбедност, повторно нуди гаранција од 600.000 евра пред Апелациониот суд за да му биде прифатено барањето да се брани од слобода.
https://www.faktor.mk/chavkov-povtorno-ja-nudi-garancijata-od-600000-evra